Себастијан Курц од говорницата на Европскиот парламент го поздрави враќањето на Западниот Балкан во центарот на европските преокупации и ја истакна важноста од решавање на спорот за името во овој контекст.
„Многу е важно да имаме силни држави на Западниот Балкан, беше многу важно да се реши спорот за името на Македонија, како и спорот меѓу Србија и Црна Гора, тоа е многу важно за европската перспектива“, изјави Курц.
Курц се обрати пред европските пратеници во Стразбур во рамките на дебатата за австриското претседателство на ЕУ, што се одржа во последните шест месеци од 2018 година. Канцеларот ги наброја постигнувањата и приоритетите на неговото претседавање.
Австрискиот канцелар се заблагодари за бугарското претседателство кое според него отворило нова ера на давање на поголема важност на Западниот Балкан.
А. П.