Страшното бомбардирање на Мариупол го шокираше целиот цивилизиран свет бидејќи руските агресори го претвораат градот во пепел и бездушно ги напаѓаат цивилите, пренесува Укринформ.
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан на Форумот во Доха, конференција за политика во Катар, рече дека руската „опсадна војна“ против украинските градови треба да предизвика „колективна вина“, пишува Укринформ, цитирајќи го „Тајмс оф Израел“.
„Мариупол е втор Алепо. Цивилната популација во градот е масакрирана, уништена, страдањето е ужасно. Мислам дека сме на пресвртна точка каде што надвор од украинската криза, параметрите на стабилност и безбедност во Европа се оспорени“, рече тој.
Во блиска иднина се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да одржи уште еден разговор со Путин и да се обиде со него да се договори за евакуација на цивилното население од Мариупол.
Подготвил Д.М.