• Latest
Добро утро со Орданоски

Лекцијата од „Вардар“

June 3, 2019
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Лекцијата од „Вардар“

June 3, 2019 07:51
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]Д[/dropcap]ен недела: прво, целата Влада јавно реферира со часови, малку пропагандно, малку интроспективно, за сработеното во последните две години; па комплетната егзекутива на НАТО, на чело со Столтенберг, долетува на работни средби во Македонија; по што следува феноменалната, високо емотивна победа на ракометарите на „Вардар“; за денот да заврши со професионално одработениот концерт на безвремениот Стинг на Градскиот стадион во Скопје…

По таков ден недела, кога ќе земе воздух, човек навистина да се запраша што да очекува в понеделник?!

Од понеделник почнува третата година од оваа Влада на власт. На половина од мандатот сите чекаме да ги видиме кадровските промени по министерствата и низ другиот државен апарат. Денешната политика е токму како играње некое финале во врвен ракомет: спортот е интензивен и груб, бара мускули, издржливост, посветеност, дисциплина и многу работа на теренот, во постојан „близок контакт“ со противникот. Но, бара свест и висок ентузијазам за постигнување на заедничката цел, за што треба да го оставиш „срцето“ на теренот.

А гласната публика, седната пред малите и уште помалите екрани, навива и го бодри својот тим со емоции, најчесто со „смалена“ памет за сите околности, со кратка меморија за историјта, со изгубено чувство за пропорции и сразмерни споредби, но со силна желба за успех. Веќе има теории кои предупредуваат дека Марк Цукерберг ќе се покаже како поопасен по опстанокот на демократијата од Трамп, Путин и Си Ѓинпинг заедно!

Опозицијта вели дека земјата економски се распаѓа, а дека во неа цвета корупција и организиран криминал. Александар Николовски за викендот тврдеше дека до помирување нема да дојде ако тоа подразбира амнестија за Заеви, а Антонио Милошоски минатата недела велеше дека компромисот за СЈО може да биде само врз основа на смена на сегашниот состав на обвинителите, со подигнување обвиненија против Катица Јанева за илегалното процесуирање на предмети и дела врзани за минатата власт, вклучувајќи го и него, самиот.

Импресивен е напорот со кој опозицијата се обидува да ја игра својата игра на теренот за да направи „замена на тезите“ и тоа колку желба, страст и пропагандна сила вложува за преку ноќ, во темницата пред утрото, да нè осамне јавна атмосвера на општо незадоволство и граѓански бунт слични на оние во кои тие паднаа од власт. Тие и денеска не можат да ни простат што ги фативме во криминалите, благодарејќи на тоа што самите се снимале додека ги правеле. И го обожуваат и го мразат Груевски истовремено, но бараат тој да се заборави, бидејќи во реалноста, според нивно тврдење, се одвива „режимот“ и „хунтата“ на една нова Фамилија.

Од другата страна стои сегашната власт на Заев која не престана да се воодушевува на ефикасноста на пропагандата за време на претходната власт и на нејзината способност да потроши милијарди на промашени проекти кои овие не можат уште ни да ги испроектираат. Оваа Влада живее во време на најкусиот циклус на вести до сега, во кој ни историскиот успех со приемот во НАТО или „аминот“ од ЕУ се нема време асолно да се прослават бидејќи се веќе „вчерашна вест“ пред надоаѓањето на некоја нова афера заради погрешното паркирање на возилото на некој министер или сомнежот за неправилно потрошени илјада евра. „Истражувачкото новинарство“ е во камерата на телефонот на секој граѓанин, а многу се таквите кои имаат по два.

Заев тоа го разбира и се обидува на овие супер-динамични околности да се прилагоди. За сега е тоа во сферата на кадрите – знаете како викаат, дека нема друга политика освен кадровската – но наскоро, по исцрпувањето на „привлечната моќ“ на евро-атлантскиот, ќе му биде потребен и ако не нов, тогаш барем подновен голем политички наратив што ќе ја мобилизира неговата партија и неговите коалициони партнери, но и јавноста, во подготовката за наредните избори веќе идната година. Оти, како што се знае, во Македонија никој до сега не добил избори со економски раст од 7 или 9 отсто, бидејќи не успеал ни да ги постигне.

Тоа ви е како во ракометот: во финалињата не победуваат само оние кои имаат подобра техника и издржливост, туку и подобра приказна за која се подготвени да „загинат“ на теренот. „Вардар“ ни ја одржа таа лекција во неделата.

 

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share402TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ