• Latest
Добро утро со Орданоски

Летаат во авион Тито, Хитлер и Захариева…

December 21, 2020
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Летаат во авион Тито, Хитлер и Захариева…

December 21, 2020 07:28
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Таман кога помисливме дека, барем за годинава, Софија малку ќе нè одмори од својот антиталент за толкување на политиката за добрососедство, гледаме дека вревата од дуетот Каракачанов-Захариева во Бугарија по повод нивното фијаско со агендата за ЕУ проширувањето на Балканот, не престанува. Иако сме ние и Албанија директните жртви од анти-европската политика на Бојко Борисов, тие имаат возбудена потреба да се дообјаснуваат, нервозно да се правдаат и понатаму да ги ескалираат навредите упатени до нас. Зошто?

Причините за тоа се релативно едноставни, а двојни: од една страна, очигледно е дека тоа е една од главните националистички теми на Борисов со која настапува за сопствен спас на парламентарните избори во март следната година – Бугарите заклаа еден цел вол, за да добијат пет-шест кила предизборни чварки; од друга страна, ветото им помина со очаен ефект кај нивните европски партнери во Унијата, на крајот доживеаја голема бламажа заради очитаната лекција од страна на Чешка и Словачка, па на домашната бугарска сцена имаат потреба вината да ја префрлат на соседот, покажувајќи „мускули“ и закани типични за инфериорна политика и несигурност за последиците од ветото што нас ќе нè чини многу скапо, ама нив меѓународно ги банкротираше.

Во последните три децении се изнагледавме на Балканот слаби политичари кои својот домашен опстанок го градат преку омаловажување и непријателство кон соседите. Регионот, во меѓувреме, доволно се пацифизираше за да ги надмине безбедносните кризи од таквите ретроградни политики, но потенцијалот на „замрзнатите конфликти“ не смее да се потцени, ако ништо друго заради нарушување на другите, „небезбедносни“ витални политики на Балканот: економската соработка, туризмот, образовната и културна соработка, транспортот и непречениот проток на добра и услуги и сл. Тоа се фактори кои регионот го одржуваат во сферата на нестабилноста и „отвореноста“ кон други, анти-западни иницијативи и мешетарења. Бугарија сега цврсто зачекори на челото на таа неславна колона.

Од ваквото однесување на официјална Софија има и еден друг ефект што директно ја засега македонската политичка сцена: овдешните националисти и шовинисти доживуваат вистинска ренесанса, со реафирмирање на причината за своето постоење. Борисов им ја врати смислата на нивната политичка програма и тоа во најубедливото светло на бугарските архи-непријатели од почетокот на минатиот век. Просто, штета што сме членки на НАТО, оти да не бевме, ќе имаше и многу поборбени повици за пресметка од двете страни на границата. Тие ретко прават нешто работите да се подобрат, но не би ја пропуштиле шансата за обратното.

А како ќе се одвиваат работите понатаму, откога ќе завршат изборите во Бугарија?

Кој и да биде следниот бугарски министер за надворешни работи, „историската карта“, во која се кријат намерите за оспорување на идентитетот на соседот за блокирање на преговорите со Северна Македонија, повеќе не ќе може да се употребува. Софија има можност и понатаму, со какво било објаснување, да го ветира отворањето на преговорите, но после март идната година притисокот врз Бугарија – во европско содејство со Вашингтон – ќе расте за менување на таа погрешна политика.

Тоа значи дека, после низа ух-ах-их воздишки и мрморења, ќе се помине на драфтирање на некаков дипломатски документ што ќе го содржи она што и сега Скопје ѝ го нудеше на Софија (дообјаснување на Договорот за добрососедство, дополнителни гаранции за иди-ми-дојди-ми и сл.), а што Борисов, заради своите сегашни предизборни валкани потреби, го одби. Исходот од тоа дополнително „мрцварење“, после уште една наша година од евро-интегративниот процес фрлена на европското буниште, ќе се прогласи за нов голем успех на балканското добрососедство и соработка. Којзнае, можеби и пред каминот во Белата куќа. За „оверка“ на победата на сите!

Националистите и од двете страни, на крајот, ќе останат да си го цицаат прстот в уста, но користа од нивната штета е веќе направена. И македонската и бугарската јавност отворија нова страница во меѓусебната недоверба. Споредбата помеѓу Тито и Хитлер е, дефинитивно, новиот хајлајт за идните генерации во соседските ругања и навредливи потсмевања.

Ете, така, кај и да е, наскоро ќе почнат да летаат во авион Тито, Хитлер и Захариева… Кога авионот ќе падне и кога сите ќе се појават пред Св. Петар, Захариева ќе мора да му објасни што бара во вицот што ја изнасмеа цела Европска Унија.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторот.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: БорисовБугаријаветодобрососедствоЕУЗахариеваКаракачановТитоХитлер
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ