пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
Левото Димче, вчера од собраниска говорница во тирада на омраза кон Телма, го нарекол „Егеец“ уредникот на оваа телевизија, Кировски.
А утре? Левото Димче ќе продолжи да лови гласови од Македонците кои поминаа низ страшната граѓанска војна и егзодус и нивните потомци, ќе ги хушка да ги викаат своите сонародници „Северџани“, ќе им ветува место во стрелачкиот вод…
Ама, ако му згрешат…оп – „Егејци“. Вчера беа тие на ред за „стрелање“. Утре некој друг.
Во меѓувреме, денес – левото Димче рипа и се радува на скокот на рејтинг од 4 на 6%. И веднаш „е репресиран“ од анкетарите, вели дека има најмалку дупло 12%.
Замислете тек да дојде до толку. А тек ако дојде на власт, ќе има рејтинг од 102.5%. Ви гарантирам, сто-посто!
Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.