пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
Кога станува збор за справување со пандемијата и можноста Собранието и заболените пратеници да работат онлајн – левото Димче го покажува своето шеговито лице. Си прави вицови, поднесува илјадници смешни амандмани и игра дрндупка со државата, додека вирусот коси а десетици луѓе дневно ги губат своите животи.
Но, кога станува збор за реновирање на семејната куќа, па плус со народни пари – е тогаш левото Димче го покажува своето сериозно лице. Се уозбилува, наострува, и го поднесува озбилно своето прво пратеничко прашање – за личен интерес.
Две лица, да не знаеш кое подобро му стои на левото Димче. Тоа на собраниски циркузант, или на вечен цицач на државни пари, па и за реновација на семејна куќа ако треба. Меѓу тие два лика, има ли разлика?
#SledeTene
#LevaRukaDesniDzep
#AluminiumOverMaximum
Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.