Литванскиот парламент усвои резолуција со која приватната воена компанија Вагнер е означена како терористичка организација.
„Вагнер е терористичка организација, а нејзините членови и платеници претставуваат закана за безбедноста на државата и општеството“, се вели во резолуцијата, објавена на веб-страницата на парламентот, пренесе Си-Ен-Ен.
„Од почетокот на воената инвазија на Русија врз Украина во 2022 година на 24 февруари, војниците на Русија и платениците на руската приватната воена компанија „Вагнер“, која активно учествува во воените дејствија на страната на агресорот, извршуваат систематски, сериозни злосторства на агресија – убивање и мачење на цивилното население на Украина, бомбардирање станбени згради и други цивилни објекти – што се еквивалентни на тероризам“, се вели во парламентарниот документ.
Парламентот рече дека „приватната воена компанија „Вагнер“, основана од Евгениј Пригожин, бизнисмен близок до рускиот претседател Владимир Путин, е алатка во сенка на руската моќ.
Литванскиот парламент соопшти дека ги поканува другите земји да го следат примерот и да го означат Вагнер како терористичка организација.