• Latest

Лицемерието на Груевски

November 28, 2017

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Лицемерието на Груевски

November 28, 2017 18:04
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Заев и СДС брутално удрија кон сите што мислат и дејствуваат македонски. Тоа е последниот чин на пресметка со слободно мислечкиот Македонец и со оние што се одважија да кажат стоп за Тиранската платформа“, изјави Груевски на прес конференција во „замокот“ на ВМРО-ДПМНЕ и замина на протестот закажан пред Основниот суд Скопје 1. 

Повеќе од очигледно е тоа дека Груевски повторно ги измеша лончињата во обид за спас, не на оние кои денеска се најдоа пред очите на правдата, туку за спас на сопствената кожа.

Но, овој пат, ниту неговите повици, ниту неговото присуство на протестот пред судот, не ги охрабрија довчерашните „почитувачи на неговиот лик и дело“, за да излезат помасовно. И оние кои излегоа на денешниот протест, одново ја верглаат истата позната реторика за предавството на Заев и дефокусираат од вистинското прашање – дали конечно некој ќе поднесе одговорност за терористичкиот напад врз Собранието?

Она што беше најавено како протест, личи на панаѓур. А оние кои досега го поддржуваа во сите негови намери овој пат решија да останат дома.

Груевски по настаните од 27 април изјави дека насилниците треба да бидат најдени и изведени пред суд. Сега повикува на протест и ја обвинува власта за напад врз неговата партија. Лицемерие.

Во меѓувреме генералниот секретар на ВМРО-ДМПНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека следните чекори на партијата и нивните приврзаници ќе зависат од развојот на настаните.

„Имаме три-четири сценарија, но за тоа ќе видиме понатаму. Според тоа што ни го кажуваа луѓе од цела Македонија, се врши неверојатен притисок луѓето да не доаѓаат на протестот. Ние сега, околу 16.30 часот, очекуваме да ни се придружат многу поголем број на луѓе, а потоа од 19 часот да допатуваат уште и од другите места во Македонија“, изјави Мицкоски.

Да се надеваме дека во тие три-четири сценарија, овој пат, нема да има сценарио како она од црниот четврток.

Маја Ивановска
видео: граѓански новинар

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВМРО-ДПМНЕНикола ГруевскиПротестСобраниетероризамХристијан Мицковски
Share154Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ