• Latest

ЛОГИКАТА НА МИЦКОСКИ: Ако немате за леб, јадете колачи

February 13, 2025

Трамп ќе ја задржи традицијата американски генерал да биде врховен командант на НАТО

May 30, 2025

Томас Вајц: Нема сомнеж дека Македонците се Македонци и дека македонскиот јазик е македонски јазик

May 30, 2025
Арбен Таравари, интервју за ЦИВИЛ Медиа
фотографија: Ариан Мехмети/ЦИВИЛ

Таравари најави можна соработка со ДУИ и ВЛЕН на изборите во Кичево

May 30, 2025

Илјадници српски студенти и граѓани протестираа во Белград, бараат предвремени избори

May 30, 2025
Фото: Скриншот

Најмалку шест луѓе загинаа во напад на РСФ врз болница во Судан

May 30, 2025
Фото: Влада

Мицкоски од Будимпешта: Орбан е визионер за Европа, Трамп ја врати надежта

May 30, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Врховниот суд на САД му дозволи на Трамп да го поништи легалниот статус за 500.000 мигранти

May 30, 2025

Франција воведува забрана за пушење цигари на сите јавни места

May 30, 2025
фото: СДСМ

Дали декларацијата во ЕП ќе биде доволна гаранција за откочување на евроинтегративниот процес, прашува Филипче

May 30, 2025
Фото: Pudelek (Marcin Szala) — сопствено дело, CC BY-SA 3.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=29867958

Бугарското Собрание усвои резолуција за напредокот на земјава во ЕУ и ги повика властите во Скопје да ги спроведуваат договорите што ги прифатиле

May 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

ЛОГИКАТА НА МИЦКОСКИ: Ако немате за леб, јадете колачи

Ароганцијата на премиерот е повеќе од очигледна - кога е во прашање одредување на најниската плата во земјата - среде општонародниот протест против постојаното ценовно стампедо што никако да добие знаци на стабилност. Без решение за кризата со цените, тој постојано бара начин да го одложи утврдувањето по која цена работодавецот ќе ја плаќа цената на трудот, која инфлацијата ја турка надолу. Мицковски смета дека работниците треба да ја сменат диоптријата со која гледаат на својата сѐ попразна трпезариска маса.

February 13, 2025 08:02
in АНАЛИЗИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Ме вози еден таксист наутро и ми ја раскажува приказната за неговиот живот во социјализмот. Вели, татко ми беше градежен работник, издржуваше многубројно семејство и на одмор одевме секогаш на море. Нагласува, тогаш можев со татко ми да одам на море, а потоа никогаш не го видов, а ниту ќе го видам. Тоа не е наивност или идеологија, просто е утринска жалопојка на возач кој се обидува да се пробие меѓу илјадниците возила во еднонасочната улица на Ќерамидница.

Овој монолог на човек кој веќе е во години не е „премиера“ во нашите контакти. Штом ќе се сретнеме, тој го повторува ова како некаква мантра на човек кој цел живот се обидува да собере доволно денари да ги покрие сите трошоци. Тоа би се повторило веројатно и ако случајно се возев со него на 3 февруари, после пропадната седница на Економско-социјалниот совет каде што не успеа обидот да се најде минималната цена за трудот во Македонија.

Пред сѐ, тоа е обврска на ова тело, дел е од современиот трипартитен договор за елементарните услови под кои ќе се овозможи елементарниот опстанок на населението. Но, како и за сите основни теми во земјава, присутниот премиер на Владата најде закачка да го одложува решението, што би ја олеснило постојната комоција на олигархијата од која и самиот доаѓа.

ВРАЌАЊЕ ВО МИНАТОТО Спречениот социјален дијалог за најниската плата ја плаќаат најсиромашните, тие стануваат победни (Photo by Oziel Gómez on Unsplash)

ПРЕЈАДЕНИТЕ РАБОТНИЦИ

Според премиерот Христијан Мицкоски, цената на трудот – оној елементарниот – не може да се одреди, бидејќи Синдикатот „ги прејадува“ работниците со што ја подигнува цената на биолошкиот опстанок на едно семејство во земјата. За него е спорно што потрошувачка кошница, освен основните продукти, содржи и цигари, нескафе и сезонско овошје. „Еве јас во јануари дел од овие производи не ги пробав, како што се диња, лубеница, грозје, црешни, кајсии, праски, не испив 250 грама лименка нескафе, не пушам цигари, а таму се и цигари, бидејќи малку е нелогично да имате цигари во минимална кошничка“, вели Мицкоски.

Тој додаде дека во пресметката треба да бидат вклучени сите засегнати страни, а дека цените за пресметка на кошницата не треба да бидат земени од поексклузивните супермаркети, ниту од најевтините, туку да биде избрана средина, на што синдикатите одговорија дека немаат намера да ја менуваат методологијата. На Мицкоски очевидно не му е јасен моделот на пресметување на цените како и продуктите што влегуваат во неа – на малите екрани претседателот на ССМ Слободан Трендафилов јасно објасни како се пресметува и дињата и лубеницата и другото сезонско овошје – цените се од периодот кога ги имало, а влегуваат во категоријата сезонско овошје, но се делат на период од 12 месеци за да се одреди просечна вредност на она што семејството го консумира во текот на годината.

Може, значи, Мицкоски да не јаде лубеница и диња и летоска, а не само зимоска, ама потрошувачката кошница во себе има продукти кои се делат како трошок на 12 месеци, ни потврди и Светлана Димоски, советник за економско – социјални прашања при ССМ. Во таа мисла, можеме да заклучиме дека не знаеме што зимава служат во ресторанот на Владата како сезонско овошје. Можеби банани, ананас или киви, но претпоставуваме дека има сѐ што човек ќе посака да си касне (некогаш и ние новинарите можевме да ѕирнеме, некаде пред 30-40 години). А и цените на кафето, какво сакаш, или безалкохолните пијалаци во Парламентот, кои им се достапни на новинарите кога се таму, се џабалеску, колку да имаат некаква цена, така што парламентарците лесно губат чувство што се случува на пазарите или во маркетите.

ВО ХРВАТСКА Можете пак да одите на море, само како евтина работна сила

ИНТЕРЕСОТ НА ГАЗДИТЕ ПРЕД СЀ

Првиот синдикалец пред камерите резигнирано рече, ако премиерот решил да се смени кошничката, нека направи како Влада нова, своја, па разговорите за минималната плата да продолжат. Едноставно, би додале, сѐ е провидно – се оспорува нешто за да не се отворат разговорите за цената на трудот, со оглед дека кај нас во фирмите засега не работат роботи, туку луѓе кои треба да се фит во било кој поглед кога ќе дојдат на работа.

Бидејќи Мицкоски не може или не сака да се справи со цените на производите и услугите (заради интересите на газдите), а не сака да се согласи со она што логично следува – покачување на платите (минималецот е во таа категорија, а тука е пак интересот на газдите) тој се одлучува да најде „рачка“ во она што е на штета на работникот односно кај неговиот претставник – Синдикатот. Да одложува.

Кога со еден мој колега пресметувавме уште во почетокот на јануари 2007 година, колку пари му требаат на едно 4-члено семејство за да опстане под услов да го има решено станбеното прашање – и тогаш дојдовме до сумата од илјада евра! Пред 17 години! И тоа значи дека бевме реални и не ја земавме предвид онаа пошироката кошница која претпоставуваше дека на секои 10 години едно семејство треба да го обнови мебелот, белата техника, а во социјализмот тука дури влегуваше и купување на ново „фиќо“, а подоцна „стојадин“!

Јасно, влегуваше и струјата и другите комуналии, не влегуваше одморот (нека извини мојот таксист), а кај транспортот на дневна основа не се сеќавам точно како ги пресметуваме обврските што ги имаат тате или мама кои треба да одат на работа со автобус, а децата на училиште? Што би појадувале децата на големиот одмор на училиште? Трендафилов од ССМ праша – па дали едно семејство има право на четири хамбургери месечно (по еден на глава на семејство)? И зошто да нема? Кому му е тоа луксуз? На оној што јаде бифтеци и шницли? Да додадеме дека тоа наликува на одговорот на некој што живеел во Версај, како Марија Антоанета, која паднала како жртва на француската револуција во 1793 година, а која на известувањето на нејзината слугинка дека народот нема ниту за леб, наводно рекла – нека јадат колачи!

Тоа е секако речено од кралица која живее во проста затвореност во еден круг на привилегирани Французи ама за еден премиер на Македонија кој толку пати излегува од кабинетот на дневна основа да се слика пред камерите е добро некогаш ама навистина да замине на пазар или во супер маркет. Па макар и за сликање. Можеби тогаш и ќе ожедни или огладни, па да видиме колку ќе плати за покривањето на тие потреби.

ХАМБУРГЕРИ Па многу ли е еден хамбургер по член на семејство еднаш месечно? (Photo: Benoit Deschasaux on Unsplash)

ПОТРОШУВАЧКАТА КОШНИЦА Е ВО ПОСТОЈАН РАСТ

Според податоците на ССМ, потрошувачката кошница е во постојан раст и од 2022 година трошоците за живот на едно четиричлено семејство се пораснати за скоро 48 отсто. Ако се оди уште поназад, синдикалната потрошувачка кошничка на ССМ во декември 2020 година изнесувала 33.742 денари, додека во декември 2024 година достигнала 62.861 денари – речиси двојно зголемување. На ова мора да се додаде дека тогаш сѐ уште имавме епидемија, не постоеше можност за контрола на влезни елементи како што е енергијата и дека во многу сектори државата делеше плати за преживување и при тоа – платите растеа! Тоа сега евидентно не е случај.

Синдикалната минимална кошница за месец јануари 2025 година, која ја добивме деновиве изнесува 63.252,00 денари. Споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец декември 2024 год. која изнесува 62.861,00 денари, таа е зголемена за 391,00 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец јануари таа изнесува 78.627,00 денари.

Движење на синдикалната кошница 2020-2023

Кај храната и пијалаците во синдикалната минимална кошница која за јануари 2025 изнесува 23.198,00 денари (која може да се нарече група на продукти за биолошки опстанок на работникот и семејството), спореден со декември 2024 година (23.075,00 денари) е зголемен за 123,00 денари. На годишно ниво, синдикалната минимална кошница која за јануари 2024 година изнесува 21.007,00 денари, е зголемена за 2.191,00 денари, односно за 10,43%.

Движење на минималецот 2012-2023

Погоре споменатата „покомотна“ синдикалната кошница од најминималната, за месец јануари 2025 година од 63.252,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јануари 2024 година, која изнесува 57.163,00 денари е зголемена за 6.089,00 денари, односно за 10,65%. Или народски – зголемувањето изнесува 100 евра!

Дали во врска со ова имаме проблем со методологијата за пресметка на трошоците на Синдикатот или се работи за фрлање чадна бомба за да замре дискусијата? Ама работничкото семејство одново ќе се врати дома и ќе ја гледа сѐ попразната трпезариска маса!

ФИЌО Во социјализмот потрошувачката се подразбираше дека со работничка плата на секои 10 години може да се купи нов автомобил од Застава

ВЛАДАТА ВО ДИЛ СО ГАЗДИТЕ

Поради тоа, Синдикатот подолго време бара минималната плата да се зголеми на 450 евра. Ова секако значи дека работничко семејство со двајца вработени, ако земаат минималец не можат да покријат основната вредност на кошницата! Звучи како компромис, реална проценка на можностите на газдите? Треба да се каже дека Стопанската комора на северозападна Македонија е малку погалантна – предложи минималната плата да порасне на 31.500 денари (500 евра), но придонесите за вработените да останат исти, на ниво на сегашната минимална плата. Бруто платата да остане иста, да се зголеми само нето исплатата. (За сегашниот минималец работодавачите плаќаат по 9.700 денари придонеси). Мицкоски, пак, изјави дека Владата ќе прифати сѐ за што ќе се договорат работниците и работодавачите. Бранимир Јовановиќ, економист на Виенскиот институт за меѓународни економски студии, вели дека тоа што го прави владата за минималната плата му делува како скриен „дил“ со газдите.

„Викаат – нека, ќе прифатиме сѐ што ќе договорите вие со синдикатите, а знаат дека тие никогаш нема да се договорат. И времето минува, платите стојат, цените скокаат, а газдите тријат раце. Само откако е дојдена новата влада, трошоците за живот на едно четиричлено семејство се зголемени за 3.000 денари – минималната синдикалната кошница во јуни беше 60.000 денари, во јануари е 63.000. И после ќе се чудат газдите што не можат да најдат работници, а политичарите што десетина илјади луѓе си заминуваат од државата секоја година“, изјави Јовановиќ за Радио Слободна Европа.

ШАНСА ЗА ВРАЌАЊЕ Живко Митревски, експретседател на ССМ, сменет на регуларен конгрес, кука дека бил сменет нелегитимно

По приговорите на премиерот за минималната кошничка преговорите се одложуваат наводно до крајот на месецот, а тешко е да се очекува  расплет и тогаш. Владата во џебот ја држи и можноста да ја оспори репрезентативноста на ССМ – тука е нивниот повеќедецениски квиско Маријан Ристески за кого никогаш не се знаело кого претставувал, бидејќи тој тоа го прави по потреба на власта и каде и да има работнички собири. Тука е секако и непрежалениот за ВМРО-ДПМНЕ Живко Митревски, експретседател на ССМ, сменет на регуларен конгрес, кој постојано кука дека не бил сменет легитимно, а сега за тоа гледа можност за рестартирање на личниот проблем. Кога е реставрација на системот.


Специјално за ЦивилМедиа | Сите права се задржани.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Четворица затвореници барале 1.200 евра од мајка за да не и го тепаат детето во затворот „Идризово“

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Си Џинпинг: Русија е наш вазал отсега па натаму

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Експлозија во Ставропол го уби рускиот функционер кој ги предводеше нападите врз украинскиот Мариупол

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Што ти се чинеше…

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Таравари го разреши Арбен Фетаи од партиската функција, за локалните избори најави соработка и со ДУИ и со „Влен“

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ