• Latest
Добро утро со Орданоски

Логореични губитници

September 20, 2018

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Логореични губитници

September 20, 2018 07:37
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]П[/dropcap]оследното испитување на јавното мислење во Македонија – во форма на гласање на судиите во Уставниот суд – покажа резултат од 7:2 во поддршка на референдумот за Договорот од Преспа. Мислам дека е тоа прилично реална слика за односот на силите во општеството по повод дилемата за тоа какви се шансите за успех на претстојниот, историски, плебисцит.

Ако малку ги „оптегнете“ критериумите, би можело да се каже дека во таа судска сала седеше приближен „микро-пресек“ на македонското општество: етнички, политички, партиски, географски, родово… Додуша, не и генерациски (нема таму млади), но во таа сфера прореферендумското расположение е уште понаклонето кон успех на гласањето, отколку што просекот на годините старост на уставните судии тоа го покажува. (Ах, да, судииве ни се и нешто пообразовани од просекот на писменост во државава, ама па неписмените и онака имаат пониска излезност на какви било гласања за што било…)

Дополнително, дури и тажниот спој помеѓу Апасиев и Петров, поднесувачите на антиреферендумската иницијатива до Уставниот суд, е добра илустрација за ликот на опозицијата на референдумот, за таа националистичко-комунистичка комбинација на класични провокатори кои би сакале Македонија да ја вратат назад во времето и просторот, едниот до Апостол Павле, другиот барем до Француската револуција.

Апасиев разочарано заклучи дека судот дента гласал „политички“, а не „правно“, што е точно она што овде сакам да го прогнозирам: македонската јавност, имено, со чувство за ПОЛИТИЧКАТА РЕАЛНОСТ во историскиот момент во кој живее ќе излезе да гласа за поддршка на референдумското прашање.

Што значи тоа практично? Тоа значи дека кога ќе ти дојде, буквално, цел свет на нозе да те моли во овој (за тебе) исторски момент за да се однесуваш, ако не паметно, тогаш барем трезвено и разумно, не е баш препорачливо да им плукаш во кафето, да се глупираш и да изигруваш пијан слон во дуќан за кристал. И така кршот, на крај, ние самите го плаќаме.

Ќе има време за лечење лични и државни фрустрации. Аман, не е сега тој момент.

А, морам да признам дека веќе со мака ги одгледувам првенците на опозицијата (Николоски на 1ТВ, Мицкоски на ТВ21) како ситничаво, сметководителски, а логореично, се обидуваат со кого било во студиото да полемизираат и за нијансата на мастилото со кое е потпишан Преспанскиот договор, само за да не кажат што ќе да ни е да чиниме без него?! Од пред некој ден, пак, имаат и нов токинг поинт во својата губитничка агенда: уште од сега заговараат дека на резултатите од референдумот не треба да им се верува, бидејќи гласањето ќе биде местено!

Добро, ако им е така полесно, ајде да се согласиме: резултатите ќе бидат наместени, џабе целата работа на терен за бојкот на референдумот. И до полноќ таквите резултати ќе бидат славени и признаени од сите четири страни на светот, со честитки до Заев како дете да му се родило!

Прашање: И, што ќе прави опозицијата следното утро? Нема да ги признае резултатите и ќе се скара со цел свет, со плачки и клетви што ќе се слушаат од Галичник до Река, како да тажи тажна ека? Или, сепак, ќе ги признае резултатите, со историска фуснота дека правела сè што можат до нив да не дојде? А потоа, и во двата случаи, ќе гласа во Собранието за уставна потврда на договореното во Преспа.

Мислам дека, кај и да е, и Груевски ќе излезе со јавна поддршка за референдумот, бидејќи белки до сега сфатил дека неговиве партиски наследници ај што сами ќе си пукнат во колено, туку и него може да го погодат в глава!

 

 

 


Објавено и во Плусинфо и Слободен печат

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Share512TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ