• Latest

Локализирани пожарите во Дивље и Виница, активни во Скопско и Демиркаписко

August 13, 2021
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Локализирани пожарите во Дивље и Виница, активни во Скопско и Демиркаписко

August 13, 2021 13:06
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека е локализиран пожарот во село Дивље, во скопската општина Петровец. Воедно, информираат дека добиле информации од Шумското стопанство „Караџица“ дека локалната самоуправа прави сè и дека овој пожар е локализиран. Локализиран е пожар кај депонијата во Виница, а сè уште гори кај Буковиќ и Раовиќ во Општина Сарај, и близу Демир Капија.

Територијалната противпожарна единица Виница информира дека пожарот на градската депонија е локализиран, но се уште тлее. Јавното комунално претпријатие „Солидарност“ е во постојана контрола на депонијата.

Се уште е активен пожарот во скопската општина Сарај, над селата Буковиќ и Раовиќ, на планинската страна Осој. Се работи за непристапен терен, каде се дејствува со два хеликоптери на Армијата за да се изгасне. Се уште е активен и пожарот кај Барово, во Неготино, Демир Капија. Гори сува трева и нискостеблеста шума на тешко пристапен терен. Интервенираат противпожарни возила, комуналното претпријатие и припадници на Шумското стопанство.

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов на прес-конференција посочи дека пожарот што повеќе дена гори во Општина Сарај е специфичен, поради тоа што откако ќе го изгаснат, подземно продолжуваат да горат корењата на дрвјата за на одредени места потоа повторно да избие пламен.

-Во текот на вчерашниот ден десет припадници на полициската специјална единица, придружени со француските инструктори се спуштија од врвот на планината каде што горел овој пожар кон дното, при што рачно ги изгаснаа сите оние жешки точки кои беа видливи. Претходно теренот го надлетавме со хеликоптери и беа детектирани овие точки, но по нивното симнување долу, повторно забележавме чад на неколку места за со паѓањето на ноќта, повторно се развие пожар на една точка, рече Ангелов.

Токму од тие причини, како што рече, за утре се договорени 30 припадници на Специјалната единица со соодветна опрема заедно придружувани со француските експерти, но и со четворица Французи кои работат со специјални дронови за пожари со термални камери кои можат да го откријат и огнот кој што е под земја, со цел да се најдат овие жешки точки кои се невидливи од хеликоптер.

-Инаку, во овој момент и од рано утрово на оваа позиција дејствуваат два хеликоптери кои верувам дека повторно ќе успеат да го изгаснат пожарот, но пак очекуваме да се појави истиот проблем односно повторно да избие пожар, додаде тој.

Ангелов посочи дека денеска извршено е извидување и на пожарот во Демиркаписко, во кој што активно учествуваат припадници на Национални шуми и противпожарните служби кои се обидуваат да го изгаснат, но, како што рече, самиот терен е тежок бидејќи пожарот гори. Едната жешка точка е во еден дол, каде што е многу тешко пристапен, но според Ангелов, овој пожар не претставува опасност за ниедно населено место и во овој момент не може да се рашири неконтролирано.

Tags: активни пожарилокализирани пожариЦУК
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ