• Latest

Локални избори: Парадоксална реалност

November 16, 2017

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Локални избори: Парадоксална реалност

November 16, 2017 13:30
in РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Косово во недела го организира вториот круг од локалните избори. Тоа што привлекува внимание, е сличноста на текот на изборниот процес спореден со нашите локални избори, кои пред неколку дена и официјално завршија.

Втор круг се одржува во поголем број општини на Косово, така што, со сите сили се води битка и кампања во различни форми сè со цел да се стекне довербата на граѓаните. Ветувањата на кандидатите ги надминуваат сите реални очекувања на граѓаните, но нели, важно е да звучат и да изгледаат убаво проектите и плановите што можеби никогаш нема ни да започнат. Очигледно е дека општинскиот буџет никако не може да го покрие она што тие го ветуваат, но, интересен е фактот што ако се соберат сите ветени инвестиции и проекти од предизборната кампања, не може се покријат ниту со државниот буџет на Косово, земајќи ги предвид сите финансиски капацитети на земјата. Имено, Косово има околу две милијарди годишен буџет, а кандидатите за градоначалници, севкупно ветуваат нешто повеќе од државниот буџет.

Нам, ова ниту ни е чудно, ниту ни е ново, со оглед на фактот што и предизборните ветувања на нашите кандидати за градоначалници и советници на општините, неретко ги надминуваа реалните можности на локалните самоуправи.

Локалните избори таму, носат и други интересни околности од нивната секојдневна политика.

Таков пример е ситуацијата во која губитниците се наградени! Значителен број на кандидати, кои ниту победија во првиот круг, ниту пак се пласираа во вториот круг, се наградени со „скромни“ позиции – заменици министри! Во една мала неразвиена држава, како што е Косово, верувале или не, досега се именувани дури 60 заменици министри.

Со ветените инвестиции и проекти, како и со продолжувањето на трендот на поставување заменици министри, повеќе отколку потребното, многу веројатно на Косово ќе му се случи банкрот наместо просперитет.

Фари Хисени

Tags: ветувањазаменик министеркампањаКосоволокални изборимилијарди
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ