• Latest

Локалните избори ќе се распишат на 6 август, ВМРО-ДПМНЕ ги пропушти сите шанси во 11 години, лавина од дезинформации и говор на омраза

July 30, 2021

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Локалните избори ќе се распишат на 6 август, ВМРО-ДПМНЕ ги пропушти сите шанси во 11 години, лавина од дезинформации и говор на омраза

July 30, 2021 17:14
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Џафери: Локалните избори ќе се распишат на 6 август

Претседателот на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите најави дека ќе ги распише локалните избори на 6 август. Првиот круг на изборите ќе се закаже за 17 октомври. Согласно роковите од Изборниот законик и Уставот, локалните избори се одржуваат во втората половина на октомври, а мандатот на локална власт е 4 години без можност за продолжување.

На брифингот, Џафери објасни дека оваа одлука не е последица на договор меѓу партиите, туку дека е донесена исклучиво врз основа на законските рокови, бидејќи токму во тој период им истекува мандатот на актуелните градоначалници.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Заев за евроинтеграциите до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Криво ви е, ги пропуштивте сите шанси во 11 години!

„Апсолутно ниту имам намера да бидам нервозен, ниту има потреба и вие да бидете нервозни. На тој пат поголема афирмација нашата земја никогаш немала. На патот на ЕУ и на патот на првата стратешка цел, членството во НАТО не добила нашата земја никогаш поголема афирмација и поголема поддршка во тоа што денеска го има. И ред е да се поклоните на тоа и да кажете „аферим“, на тоа што е направено, се друго е кабаетлук, провидност во политиките кој што се препознаени од граѓаните. Дали се, ќе увидиме на 17 октомври, еве доаѓа, затоа што и тоа има рефлексија на изборите иако се локални, еве ќе дојде времето и тоа ќе го покаже“, порача Заев.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПОТПИС Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски го  критикуваше Изборниот законик во сегашната форма, пред се поради двата проценти праг наменети за независни кандидати на престојните локални избори, кои треба да се одржат на 17 октомври. Пендаровски ги брифираше новинарите дека ставил поптис и на Законот за изменување и дополнување на Законот за државјанство, кој вчера со 57 гласови „за“, 32 „против“ и ниту еден „воздржан“ беше усвоен во Собранието.

МЕМОРАНДУМ Во присуство на премиерот Зоран Заев и заменик-претседателот на Фондацијата отворено општество (ФОО) Алекс Сорос денеска во Владата се потпишаа два меморандума поврзани со Стратрегијата за инклузија на Ромите. Првиот меморандум се однесува на соработка и промовирање на развојот на претприемништвото на Ромите во Северна Македонија и го потпишаа министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, директорот на Агенцијата за вработување Абдуш Демири и Петрика Дулгеру од Иницијативата за економските развој на Ромите – РЕДИ.  Вториот меморандум е за соработка за спроведување на итни интервенции во поликлиниката „Шуто Оризари“ и го потпишаа министерот за здравство Венко Филипче, директорите на Здравствен дом-Скопје, Виктор Исјановски и Бесим Кока, и Елвис Шаќири од Ромалитико – Аваја.

ДЕЛЕГАЦИЈА НА ЕК Пред неколку дена, ЦИВИЛ Медиа упати прашања до Делегацијата на ЕК во Скопје за последното истражување „Балкан барометар 2021“ на Регионалниот совет за соработка, според кое поддршката за пристапување во ЕУ меѓу граѓаните во земјава која е намалена на 53, а во минатото била над 70 проценти. Во одговорот на канцеларијата на ЕУ во Скопје, се вели дека одложувањето на почетокот на преговорите несомнено е дел од причината за разочараноста на граѓаните.

КОАЛИЦИЈА Преку објава на официјалната Фејсбук страница, премиерот Зоран Заев најави дека партнерството со БЕСА ќе продолжи и на претстојните локални избори, споделувајќи фотографии од средба со лидерот на БЕСА, Билал Касами.

РАМКОВЕН ДОГОВОР Албанскиот јазик е еден од столбовите на Охридскиот договор, со употребата се добија многу полојални граѓани, истакна Артан Груби, на настанот на Агенцијата за примена на јазикот, на кој беа врачени сертификати на преведувачи на албански јазик кои работаат во државните институции.

ИНИЦИЈАТИВА: НАПРАВИ РАЗЛИКА, ПОЧИТУВАЈ ГИ РАЗЛИЧНОСТИТЕ

„Луѓето треба да ги научат разликите на другиот, за да се запознаат со аспектите на начинот на живот на другиот. Верувам дека со развојот на технологијата и социјалните мрежи луѓето имаат многу повеќе информации и за потеклото, за вредностите, за се што значи една групација или поединец.“, порачува архитектката и активистка Мерита Максути.

„Една градина со цвеќе кога е поубава, кога има иста боја жолто цвеќе, или кога се различни бои? Градината е убава со различни цветови, како и природата. Природата ни ги дава на нас сите закони, само треба да читаме од природата, она е отворена книга, она ги има сите различности, и тоа е богатството во таа природа, и ние сме дел од природата“, истакна писателот Наум Попески во иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика: Почитувај ги различностите“.

ЦИВИЛ МОНИТОРИНГ 

По изгласаниот Закон за државјанство, лавина од дезинформации и говор на омраза

Откако Собранието го изгласа Законот за државјанство, на интернет а особено на социјалните мрежи започна еден вид кампања, претежно со лажни вести и дезинформации, меѓутоа вешто филувани за да изгледаат како „досетки“. Но, таквите твитови/статуси и објави предизвикуваат говор на омраза кон албанската етничка заедница, но и против пратениците што го изгласаа законот, односно против владеачката коалиција СДСМ и ДУИ.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ