„Пред три години европската сигурност се смени кон полошо. Руската воена агресија врз суверена европска земја Украина беше неиспровоцирано и неоправдано кршење на Повелбата на ОН, одобрена од постојниот Совет за безбедност на ООН. Три недели – тоа беше убедливата претпоставка на Русија за тоа колку може Украина да издржи. Три години подоцна, Кијив останува слободен град. Претседателот Зеленски и неговиот народ покажаа како изгледа вистинската слобода и демократија“, изјави Метју Лосон, британскиот амбасадор во северна Македонија на на настанот по повод три години од отпорот на Украина против руската агресија, 24 февруари 2025 што се одржа во Јуроп Хаус Скопје / Делегација на ЕУ во Република Северна Македонија.
„Украина не смао што треба да победи во оваа војна, туку мора и да обезбеди просперитетна иднина, безбедна и амбициозна. Пораката на Обединетото Кралство е јасна: Украина мора да биде во центарот на било какви мировни преговори. На Украина останува кога и како ќе се одвиваат дускусиите. Русија се соочува со избор. Ако Путин е сериозен за мир, мора да демонстрира со почитување на украинскиот суверенитет, одтфрлајќи ги амбициите за империјалистичко освојување. Британија и нашите сојузници се спремни да слушаат, но нема да бидеме измамени. На Украинците им велиме: Ние остануваме со вас, вашата храброст инспирира, вашат борба е наша борба колку и да трае. Ние сме на ваша страна“, изјави Лосон.
Б. Ј.