Според активистот и политички аналитичар, Ацо Лукароски, „навистина паѓаат маските“. Тој во објава на Фејсбук ги коментира реакциите од одделни политичари кои му даваат поддршка на директорот на Канал 5 телевизија Иван Мирчевски, кој вчера направи инцидент и со упад во емисијата „Само вистина“, го избрка гостинот Исмет Рамадани.
„Навистина паѓаат маските.
Максим Димитриевски бара од Рамадани да им се извини на Канал 5 и да поднесе оставка од Евро Атланскиот Совет на Македонија.Иван Стоиљковиќ од Демократската патија на Србите во Македонија вели дека „маските паднаа“ и се докажало дека Рамадани не е умерен политичар.
А и Павле Трајанов да не остане покус, најостро го осудува Исмет Рамадани. За неговиот настап вели дека „ги загрозува новинарите и слободата на говорот“.
Мораат да се глупираат.
Мицко да знае каде да ги стави во својот тефтер!“, пишува во објавата Лукароски.
На директорот на Канал 5 телевизија Мирчевски не му се допадна тоа што го кажа гостинот Рамадани во емисијата „Само вистина“, и реши да го отстрани од емисијата, ускратувајќи му го правото на слобода на говорот.
Извор: Фронтлајн /Ј. Ѓ.