• Latest
Добро утро со Орданоски

Магла врз градот, магла во умот

December 15, 2017

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Магла врз градот, магла во умот

December 15, 2017 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]П[/dropcap]оминува уште еден ден со ужасна загаденост на воздухот во Скопје, а не гледаме дека некој превзема нешто сериозно по тоа прашање. Шилегов даде една непромислена изјава – всушност, тотална глупост – дека зад иницијативата за неодење на децата во училиште стоеле политички мотиви на опозицијата (?!), наместо прилично здраворазумски да објасни дека, ако децата не одат на чколија кај што има градско парно, треба да седат дома, па некој да ги чува, а тој некој ќе пали печки за греење и ќе гори нафта, дрво, пелети, гуми, јаглен, свекрви или пластични шишиња, што дополнително ќе ја влоши катастрофалната ситуација со воздухот.

А можеше Шилегов да се сети и итно да ги испрати децата до одредена школска возраст на вонреден зимски одмор од една-две недели во Охрид или што-знам-јас-кај по планиниве, заедно со нивните наставници, па таму да имаат настава во хотелските ресторани или во природа, наместо овде да се гушат. И не е до парите, туку треба да ти текне.

Всушност, има краткорочни мерки што им стојат на располагање на градските и на државните власти за ублажување на воздушнава катаклизма. Тие се стопати наброени од попаметни од мене на оваа тема, па нема да ви го трошам времето со нивно повторување.

Но, вреди да се размисли уште денес за некои подолгорочни решенија. Дозволете да се обидам…

Прво, има ли стручњаци кои би објасниле со некаква научна студија – што би ја финансирала Амбасадата на САД, на пример – дали изградбата на браната Козјак, од пред десетина години, и големото езеро што со десетици километри се протега зад неа, имаат некакво влијание врз промената на воздушниот притисок, влажноста, текот на ветриштата и промената на микроклимата над Скопје, бидејќи интернет-конспирациите на оваа тема се колоритни? Па, од таква научна студија да вадиме некои научни заклучоци? Онака, не дека нешто разбирам, туку само прашувам…

Второ, може ли државната власт, заради причини од висок национален безбедносен интерес (здравјето на една третина од луѓето во земјата, на пример) да размисли за национализација на БЕГ, најголемиот градски парно-затоплувач? Просто се прави тоа, слично како Маргарет Тачер на времето: се донесува закон, се одзема компанијата од приватна сопственост и се префрла во државни, национални раце, со праведна компензација за сопствениците. А потоа државата, на штета на буџетот (значи, од сите нас кои се гушиме), прави такви цени за парно греење кои се прифатливи и за оние кои се исклучија од парно и прејдоа на горење сешто, но и за нови приклучоци – и сето тоа да се заврши до идната грејна сезона – па кој ја преживее зимава, да може да обновува бели дробови идната. Онака, не дека нешто разбирам, туку само прашувам…

Трето, ако ова со национализацијата на БЕГ звучи многу радикално, може ли стручњаци од областа на здравството итно да пресметаат колку (ќе) се плаќа од здравствениот буџет кога 100.000 луѓе ќе се поболат од карцином на-што-сакаш од воздухов, и тие пари да се доделат во агресивна кампања за субвенции за менување на видот на греење низ домаќинствата, од ова што загадува, на: струја, парно, водни пумпи, стомачни гасови…? Онака, не дека нешто разбирам, туку само прашувам…

Четврто, зошто е толку тешко да се смисли забрана за одредена старост или вид на возила што се тркалаат низ Скопје, вклучувајќи и возила од јавниот превоз и од државните служби? Или барем да се смисли начин како да се проретчат, итно? Вчера? Онака, не дека нешто разбирам, туку само прашувам…

Петто, може ли наместо да ни подарат уште сто џипа за граничната полиција или за таму некој вод војска што ќе нѐ штити од непостоечки мигранти, да побараме десетина-дваесет автобуси на струја или на што-ја-знам-што, што нема да загадуваат? Онака, не дека нешто разбирам, туку само прашувам…

Шесто, може ли власта да се чувствува помалку навредена, а повеќе повикана итно да се зафати и со некоја, значи, подолгорочна идеја по овие прашања? Оти, Коце Трајановски подобро изигруваше краткорочен дворски шут кога ќе паднеше ваква канцерогена бомба врз Скопје.

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 12 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Share387TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ