Република Македонија со Црна Гора ќе биде кодомаќин на средбата на Јадранската повелба на 2 август во Подгорица. На средбата, покрај високите претставници на земјите-членки и на земјите-набљудувачи на Јадранската повелба, чиј претседавач оваа година е Македонија, ќе учествува и потпретседателот на САД, Мајк Пенс
Според прес-службата на Владата, Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина, како членки на Јадранската повелба, и Србија, Косово и Словенија со статус на земји набљудувачи, ќе испратат свои претставници на средбата.
Јадранската повелба е формирана под покровителство на САД во 2003 година, како група во која треба да се координираат активностите за поддршка на земјите-аспиранти за членство во НАТО