• Latest

Македонија меѓу земјите со најлоша буџетска транспарентност

January 30, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Македонија меѓу земјите со најлоша буџетска транспарентност

January 30, 2018 11:53
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Македонија е рангирана меѓу земјите со најлоша буџетска транспарентност во светот, соопшти денеска Центарот за економски анализи (ЦЕА), повикувајќи се на истражувањето „Отворен буџет (ОБИ) 2017“ на Меѓународното буџетско партнерство (МБП).

Според ЦЕА, по ерозијата на фискалната дисциплина и широката злоупотреба на претходната влада пред предвремените парламентарни избори кога државата беше етикетирана како „заробена“, најголемиот независен глобален извештај откри дека новата Влада на Македонија може да ја подобри транспарентноста на брз начин, со мали трошоци и напор.

„Иако многу е направено по смената на претходната влада која ја еродираше фискалната дисциплина и транспарентност, уште многу треба да се направи. Македонија треба да го подобри Предлог-буџетот и да понуди повеќе буџетски информации, да обезбеди повеќе учество на граѓаните во буџетскиот процес и да го зајакне надзорот на буџетите и кај законодавецот и кај државната ревизија“, рече претседателот на ЦЕА Марјан Николов на прес-конференција.

Според него, Македонија е со резултат нула во оценката на ОБИ за тоа дали Владата и овозможува на јавноста учество во буџетскиот процес.

„Без можност за активно учество на граѓаните, особено на маргинализираните или ранливите категории, буџетскиот систем може само да им служи на моќните елити. Владата, Собранието и Државниот завод за ревизија мора да преземат мерки за да се подобри вклученоста на граѓаните во буџетскиот процес и во буџетскиот циклус“, потенцира Николов.

Потенцијална закана за Македонија, додаде претседателот на ЦЕА, е тоа што нема силен систем и пракса на буџетска отчетност поради што се загрозени можностите за остварување развојни цели.

„Владата мора да го подобри обемот на информациите во буџетските документи, а Собранието треба да ја зголеми можноста за вклучување експерти и граѓани кои заедно со пратениците ќе ги дискутираат ревизорските извештаи. Државниот завод за ревизија, пак, мора да овозможи потранспарентна вклученост“, подвлече Николов.

ОБИ 2017 опфаќа 115 земји, а краен рок за пополнување на прашалникот беше 31 декември 2016 година. Македонија учествува во ова истражување од 2008 година.


Извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.
Print Friendly, PDF & Email
Tags: буџетизвештајистражувањеМакедонијаОБИ 2017транспарентност
Share37Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result