• Latest

Македонија: Преглед на настани (05 јули 2016)

July 6, 2016

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Македонија: Преглед на настани (05 јули 2016)

July 6, 2016 10:22
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Дневен преглед на најважните настани во Република Македонија (05 јули 2016 година): Македонските универзитети не се во првите 1.000 најдобри во светот || Синдикатот на новинари против државна интервенција во медиумите || МВР апелира смртта на Алмир да не се користи за меѓуетнички тензии || Нападната членка на Левица во Битола || Лажни ветувања на Владата и во Прилеп

хв

Македонските универзитети не се во првите 1.000 најдобри во светот

Проценките се дека македонските универзити уште долго нема да влезат меѓу првите 500 на популарно наречената Шангајска листа. Ги нема ни на втората релевантна листа – Тајмс,  каде се наброени 1.000 универзитети. Места за македонските универзитети се предвидени само на најшироката листа – Вебометрикс  со 20.000 универзитети. Таму, УКИМ е на 1.196-тото место. Регионалните универзитетски центри се далеку пред македонските. Така, на пример, Белградскиот, Љубљанскиот и Загребскиот универзитет се меѓу првите 500 на Шангајската листа.

Синдикатот на новинари против државна интервенција во медиумите

Синдикатот на новинари и медиумски работници е против секаква државна интервенција во медиумите, а особено против владините реклами кои се алатка за држење на медиумите во вазалски однос, вели Тамара Чаусидис.  Новиот Предлог-закон за информативни и рекламни кампањи на јавни институции, според Чаусидис, е порака до провладините медиуми дека Владата нема да ги остави на цедило. „Суштински, ништо нема да се смени, само ќе се легализира ситуцаијата која измината година беше под мораториум. Ниту е објавен, ниту имаше јавна дебата пред Владата да го донесе овој закон“, изјави Чаусидис.

МВР апелира смртта на Алмир да не се користи за меѓуетнички тензии

DSC_0078

Министерството за внатрешни работи апелира вакви немили настани, како смртта на четиригодишното дете, да не се користат за предизвикување меѓуетнички тензии. Оттаму информираат дека извршиле увид на местото на настанот, а СВР Куманово веќе поднел кривични пријави против пет лица. На возачот кој намерно го прегази малиот Алмир и неговите родители, му е одреден 30-дневен притвор, а ќе одговара за убиство во обид. За останатите лица е поднесена пријава за насилство.

Нападната членка на Левица во Битола

битолчанка левица

Битолчанката Ивана Атанасовска (24) студентка на Правниот факулет во Скопје, во еден час по полноќ била изложена на закани и обид за физички напад од двајца маскирани во Битола. Атанасоска, актуелен член на Централниот комитет на Левица, случајот ќе го пријави во битолската полиција, иако вели дека нема верба во државните органи.Таа ги повикува сите млади луѓе со слободарски дух, сите граѓани кои сакаат да живеат во слободна држава, сите борци за правда и поголеми социјални и работнички права, да им се приклучат на протестите и да не подлегнуваат на какви и да е закани и притисоци.

Лажни ветувања на Владата и во Прилеп 

20160705_164004

Пред две години, тогашниот министер за финансии во Владата на Груевски, Зоран Ставрески во ек на изборната кампања, како носител на листа на владеачката коалиција во Изборната единица број 4, на големи ѕвона најави изградба на експресен пат од Градско за Прилеп во должина од 28 километри. Но, и по две години од овие ветувања, останаа само видео-клиповите на Јутјуб, како фактички потсетник за лажните ветувања на владата на Никола Груевски, на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, чии членови се дел од истражните постапки на СЈО поврзани со кривични дела за корупција, криминал…


german-cooperation-logo-c

ЦИВИЛ го објавува овој преглед на настани со цел да придонесе кон објективното информирање за настаните и процесите, но и за настани за кои еден дел од медиумите во Република Македонија не информираат или информираат многу малку. Вашето мислење е важно за нас. Ве молиме, вашите коментари, сугестии, информации, фотографии и видео прилози испраќајте ги на нашата Фејсбук страница или на e-mail: monitor@civil.org.mk

 

Tags: МакедонијапрегледЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ