• Latest

Македонија: Преглед на настани (16-17 јули 2016)

July 17, 2016

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Македонија: Преглед на настани (16-17 јули 2016)

July 17, 2016 23:03
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Дневен преглед на најважните настани во Република Македонија (16-17 јули 2016 година): „Но Пасаран“ бара еднаков третман за заштита на податоци || Преговорите викендот паузираа || Опозицијата во Битола бара оставка од Талески || Караванот на слободата во Дојран || Гарет: Сите партии се согласија за СЈО

-1

„Но пасаран“ бара еднаков третман за заштита на податоци

Здружението за заштита на граѓанските права „Но Пасаран“  ќе побара објаснување од Дирекцијата за заштита на податоците за нееднаквиот третман на граѓаните и отежнувањето на постапката за заштита на личните податоци. Ова здружение со месеци протестира против сметките за парно што им се доставуваат на граѓани кои се исклучени од системот.

Преговорите викендот паузираа

przino_6

Преговорите на пауза за викенд, работните групи заглавени на прашањето за ингеренциите на министерот за внатрешни работи, но цврсто стојат на своите ставови. Според експертите, ваквото однесување на партиите не води кон договор. Поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вели дека за секоја идна влада – управувањето со МВР е од исклучителна важност. Со измените во законот за полиција, кои во Собранието беа изгласани по скратена постапка и без опозицијата, според СДСМ, министерот за внатрешни е заштитен како „англиска кралица“. Актуелниот министер, Митко Чавков, денеска изјави дека измените се направени според европски стандарди.

Опозицијата во Битола бара оставка од Талески

Опозициските советници од Битола повторно ќе бараат оставка од градоначалникот Владимир Талески и назначување на негов заменик на следната седница.  Револтирани се што курирска служба му ги носела документите на потпис дома и спопред нив, со домашниот притвор не му е ускратена можноста да ја врши функцијата и покрај финансискиот криминал за кој е осомничен.

Караванот на слободата во Дојран

FC logo 01 EN - Copy

Караванот на слободата, финансиран од УСАИД, имплементиран од ЦИВИЛ – Центар за слобода, со уметност и култура ќе ја зајакнува граѓанската свест и граѓанското учество и активизам. Караванот започнува со своите активности во рамките на Д – Фестивал 2016 што се одржа во Дојран. Тимот на ЦИВИЛ  се претстави со шеесетминутен мултимедијален настап, кој  вклучи и проекција на видео-содржини од граѓански новинари на темите социјална правда и активизам.

 

Гарет: Сите партии се согласија за СЈО 

Одговорност за злоупотребите откриени во прислушуваните разговори е основа за одржлив излез од политичката криза и е дел од Договорот од Пржино, вели британскиот амбасадор Чарлс Гарет. Во договорот за избори тој гледа само прв чекор, но останува да се спроведат сите реформи и да се врати кредибилитетот на демократските институции кои претрпеа огромна штета. Во Македонија, според него, посебно важно е прашањето на одговорност, па затоа и четворицата политички лидери се согласија да се формира СЈО.


german-cooperation-logo-c

ЦИВИЛ го објавува овој преглед на настани со цел да придонесе кон објективното информирање за настаните и процесите, но и за настани за кои еден дел од медиумите во Република Македонија не информираат или информираат многу малку. Вашето мислење е важно за нас. Ве молиме, вашите коментари, сугестии, информации, фотографии и видео прилози испраќајте ги на нашата Фејсбук страница или на e-mail: monitor@civil.org.mк

 

 

Tags: МакедонијаМВРопозицијапреглед на настаниПржиноЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ