• Latest

Македонија: Преглед на настани (18 јули 2016)

July 18, 2016

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Македонија: Преглед на настани (18 јули 2016)

July 18, 2016 22:52
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Дневен преглед на најважните настани во Република Македонија (18 јули 2016 година): Разговорите во Американската амбасада завршија без договор || ОЈО продолжува со распит на учесниците на Шарената револуција ||Избирачкиот список не смее да е партиски договор || Фрчковски: Во авторитарни режими полицијата е секогаш важна || Кукан: ИПА фондовите се стопирани поради злоупотреба || ОЈО поднесе обвинителен акт за новинарот Божиновски || Герила акција на Шарената револуција

-1

Разговорите во Американската амбасада завршија без договор

10399187_120371662156_1700649_n

По разговорите во резиденцијата на американскиот амбасадор на Водно, претставниците на четирите политички партиите не дадоа никакви изјави, а домаќинот, амбасадорот Џес Бејли, рече дека има интересна идеја и се надева дека договор ќе се постигне до крајот на неделава. На средбата беа Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Радмила Шекеринска од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА.

ОЈО продолжува со распит на учесниците на Шарената револуција

Скопското јавно обвинителство им испратило покани за распит на битолскиот фармер Душко Илиевски и на тутунарот Кире Неделковски, поради учеството на протестите во Скопје во април годинава, против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на 56 политичари и нивни соработници. Илиевски и Неделковски, според поканите што им биле доставени, биле осомничени за учество во толпа и за спречување на службено лице во извршување службено дејство. Пред неколку недели, Илиевски и Неделковски беа повикани во битолската полиција, исто така, поради учество во протестите за оставка на градоначалникот Владимир Талески.

Избирачкиот список не смее да е партиски договор

Screenshot (39)

Избирачкиот список не смее да биде предмет на партиски договори, децидни се од граѓанската организација Мост. Укажуваат дека, Државната изборна комисија мора јасно и прецизно да објасни, од каде се овие бројки на спорни гласачи, за кои се договараат партиите во Пржино и како дошле до нив. За Мост не е јасно, дали бројката од 40 000 гласачи кои треба сами да се пријават бидејќи во спротивно ќе бидат избришани од Избирачкиот список, и оние 170 илјади иселеници кои ќе бидат ставени на посебен список, се добиени со административна или со теренска проверка.

Фрчкоски: Во авторитарни режими полицијата е секогаш важна

Поранешниот министер за внатрешни работи, Љубомир Фрчкоски коментирајќи го застојот во преговорите во Пржино за законот на МВР, вели дека за авторитарните режими полицијата секогаш е важна бидејќи според него, тие оваа институција ја гледаат како нивна заштита. Фрчкоски вели дека министерот за внатрешни работи треба да ги има целосните овластувања. Поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов, вели дека министерот треба да има целосна надлежност во одлучувањето за кадровски прашања, да формира свој тим и со целосен капацитет да раководи со министерството.

Кукан: ИПА фондовите се стопирани поради злоупотреба

Едуард Кукан, европратеник и поранешен шеф на словачката дипломатија, објаснува дека парите од европските ИПА фондови се стопирани за Македонија поради нивна злоупотреба. На новинарско прашање „Како може Словачка за време на претседавањето со Унијата да и помогне на Македонија да го врати назад овој важен финансиски инструмент“, европратеникот Кукан одговара: „Мислам дека во овој случај прашањето треба да биде обратно поставено: Што може Македонија да направи за да ги врати назад ИПА-фондовите? Впрочем, Македонија можеби и загуби дел од тие средства како последица на нивната злоупотреба“ посочува тој.

ОЈО поднесе обвинителен акт за новинарот Божиновски

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт за новинарот Зоран Божиновски поради постоење на основано сомнение за кривичните дела злосторничко здружување , шпионажа и уцена. Од Обвинителството соопштуваат дека обвинението е поднесено по сеопфатна анализа на прибраните докази. Оттаму бараат и продолжување на притворот. Божиновски  беше уапсен по налог на српското Министерство за правда по меѓународната потерница која беше распишана против него во ноември 2013 година, како осомничен во случајот „Шпион“. Тој во неколку наврати тврдеше дека ова е монтиран случај бидејќи меѓу другото, на власта не и одговарале неговите новинарски написи.

Герила акција на Шарената револуција

Untitled

„Граѓаните ќе ја решат кризата!“ – гласаше пораката која активистите на Шарената револуција ја напишаа на улицата пред резиденцијата на американскиот амбасадор, Џејс Бејли во Скопје, додека се одвиваа преговорите на замениците претседатели на четирите политички партии-потписнички на Договорот од Пржино. Активистката Мирјана Најческа истакна дека граѓаните излегоа на улица затоа што не се задоволни од власта. Активистот Петрит Сарачини, изјави дека граѓаните будно ќе ги следат сите политички случувања.


german-cooperation-logo-c

ЦИВИЛ го објавува овој преглед на настани со цел да придонесе кон објективното информирање за настаните и процесите, но и за настани за кои еден дел од медиумите во Република Македонија не информираат или информираат многу малку. Вашето мислење е важно за нас. Ве молиме, вашите коментари, сугестии, информации, фотографии и видео прилози испраќајте ги на нашата Фејсбук страница или на e-mail: monitor@civil.org.mк

 

Tags: ИПА фондовиМакедонијаСЈОЦивилшарена револуција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ