• Latest

Македонија што поскоро да донесе нов закон за заштита на лични податоци

April 25, 2018

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Воениот злосторник меѓу хашката пресуда и политичката митологија – анализа на Костовски

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Македонија што поскоро да донесе нов закон за заштита на лични податоци

April 25, 2018 17:36
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Македонија треба што поскоро да го донесе новиот закон за заштита на лични податоци во којшто ќе се имплементираат одредбите од Општата регулатива за заштита на личните податоци на ЕУ, што стапува на сила на 25 мај оваа година. Ова е една од препораките што се содржани во Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија. 

Генералниот секретар на Дирекцијата за заштита на личните податоци (ДЗЛП) Игор Кузески денеска пред пратениците на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците посочи на препораката за забрзување на напорите за носење на овој закон. Работниот текст на законот е готов и се очекува тој да влезе во владина процедура, посочи Кузески.

Доколку Македонија започне преговори со Унијата и се отвори поглавјето 23 од земјата ќе се бара да донесе ваков закон.

Ги информираше пратениците и за другите годишни активности, а одговарајќи на прашање за заштитата на личните податоци при увид во Избирачкиот список кажа дека се иницирани законски измени и оти во Министерството за правда има формирано работна група.

 

Заменик-народниот правобранител Васка Бајармовска Мустафа го презентираше Годишниот извештај на Народниот правобранител. Народното правобранителство констатирало дека и лани сме имале селективна правда,  партизирана и непрофесионална јавна администрација на централно, а особено на локално ниво, популистичките и неприменливите правни прописи, лош систем на извршување кој што особено го погодува најсиромашниот слој граѓани, социјалната заштита останува систем со кој не се надминува социјалниот ризик. Исто така е забележана појава на дискриминација по сите основи, но правобранителството оценува дека и натаму неефикасно судство и обвинителство, но и полиција која ги надминува своите овластувања.

На пратениците им беа поделени препораките на Правобранителството за полициските овластувања, во областа на граѓанските состојби и други внатрешни работи, правосудство, Избирачки права, права на бегалци и мигрантии друго.

Зборувајќи за претставките до Народниот правобранител за извршителите, Панчо Минов од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, побара без одлагање да се измени Законот за извршување, што ќе биде од интерес на огромен број граѓани кои без нивна вина се соочуваат со превисоки камати од заостанати стари долгови и превисоки трошоци за извршување.

Во предлог мерките, Народното правобранителство во однос на работата на извршителите, за кои има бројни претставки,  бара во постапката за извршување да не се преземат мерки за присилна наплата на долгот со кој е задолжен должникот, без уредно и навремено да биде информиран и пред извршителот да добие информација за основот за примања кои ги остварува должникот. Правобранителството бара и измени на законите за извршување и за облигационите односи заради обезбедување на подобра заштита на граѓаните-должници со ограничување на висината на законската казнена камата која ја плаќа должникот. Исто така се предлага во Законот за извршување да се регулира средствата од дадтоци/субвенции за поддршка на развојот за земјоделство и сточарство, да не бидат предмет на извршување.

Разгледувањето на Извештајот на Специјалното јавно обвинителство повторно е одложено, а продолжението на Комисијата за политички систем ќе биде дополнително закажано.


Извор: МИА

Tags: законзаштиталични податоци
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ