Најновиот проект со музика од Македонија – „Македонисимо“, на пијанистот Симон Трпчески, беше претставен во салата за камерна музика, лондонскиот „Вигмор Хол“.
„Ова беше мој прв настап во оваа календарска година и мина фантастично. Проектот што го нареков „Македонисимо“, односно „ептен македонско“ и му го посветив на мојот македонски народ, и на пребирливата, не само британска публика и ја претстави оваа нова димензија на македонската музика низ музичката обработка на нашиот композитор Панде Шахов.
Во 2011 година, претседателот Ѓорѓи Иванов за првпат го одликуваше пијанистот Трпчески со титулата национален уметник на Македонија.
Д.М.