Во соседна република Бугарија викендов се одржа натпревар за решавање на рубиковата коцка. Александар Арсовски од Скопје реши да се пријави на само еден ден пред почетокот на натпреварот.
Од организаторите добил одговор дека местата се веќе пополнети, но сепак ја зголемиле квотата, така што Александар одлучил да оди на натпреварот и се пласирал во првите 17 натпреварувачи.
https://www.facebook.com/alekarsovski/videos/10215956361844899/
Тој за CivilMedia изјави:
„Со коцката се заразив уште од средно кога ја донесе Боки, и тогаш почнав да ја решавам.
Имав долга пауза, ама пред околу година дена почнав пак да ја местам и од тогаш сум скроз заразен.
Во однос на компетитивно, ова ми беше прв натпревар.
Инаку го видов на WCA (World Cube Association) официјалната страна и тоа ден пред настанот. Беа пополнети сите места ама им пишав на организаторите и ми кажаа да дојдам и дека ќе зголемат квота. Имаше 100 луѓе вкупно, инаку во 3 рунди.
Првата рунда завршив со 18/100. Во втората рунда поминаа само 60 луѓе, и таму завршив 17-и. Во финалето влегуваа само првите 8, така што не успеав да влезам.
Инаку секоја рунда се решава по 5 пати, се тргаат најлошото и најдоброто време (да се елиминира ептен на среќа местења, и ептен кога ќе зезнеш работа) и од 3те средни времиња се пресметува просек.
Успеав за по околу 2 секунди да ги смалам и single и average рекордите на Македонија “
Ермин Климента