• Latest

Македонците оптимисти – очекуваат економски просперитет во 2018 година

December 29, 2017

Парите и постизборна Србија: Сомнежи за трансфери кон Скопје и Москва, Алта банка под лупа

October 29, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Македонците оптимисти – очекуваат економски просперитет во 2018 година

December 29, 2017 14:42
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter
Македонците се оптимисти во однос на економскиот просперитет во 2018-та, поголемиот број се надеваат на подобра година, а се чувствуваат и посреќни од поголемиот дел испитаници во другите држави во светот, покажува најновиот Глобален барометар на Брима Галуп.

– Како и претходната година, така и оваа, испитаниците во Македонија покажуваат големи очекувања за следната 2018-та кога е во прашање економскиот просперитет што се повисоки од светскиот просек. Вкупно 36 отсто од македонските граѓани очекуваат 2018 година да биде со економски просперитет, 24 проценти сметаат дека годината ќе биде со економска потешкотија, а 34 отсто дека нема да има промени, стои во Извештајот.
На прашањето „Дали сметате дека 2018 година ќе биде подобра, полоша или иста од 2017 година?“, 46 отсто изјавиле дека очекуваат следната година да биде подобра, 18 проценти да биде полоша, а 31 отсто очекуваат да нема промени. Нето резултатот изнесува +28 отсто што е значително повисок од минатата година кој изнасуваше +18 проценти.
-Нето резултатот на Среќа во Македонија изнесува +54 отсто што е повисок од светскиот просек, +48 проценти.
На прашањето „Дали лично се чувствувате многу среќно, среќно, ниту среќно ниту несреќно, несреќно или многу несреќно во животот?“ 13 отсто од македонските испитаници изјавиле дека се чувстуваат многу среќно, 48 проценти се чувствуваат среќно, 30 отсто ниту среќно, ниту несреќно, а шест проценти, т.е. еден отсто несреќно и многу несреќно, наведува Брима Галуп.
На светско ниво, граѓаните очекуваат економски потешка година или, како што стои во извештајот, економскиот песимизам конечно „победи”.
Надежта, пак, е пораспространета од безнадежноста, но со опаѓачки тренд во однос на претходната година, додека околу две третини или 59 отсто од испитаниците во светот се изјаснуваат како среќни.
Во регионот, Албанците се најоптимистични за економскиот просперитет, но имаат и најмногу надеж за подобра година, додека најпесимистични се Грците. Во однос на среќата, сите се на т.н. позитивна оска. Предничи Косово со 62 отсто од испитаниците, а последна е Грција со 21 процент.
За истражувањето на Брима Галуп  се интервјуирани 53.769 лица на глобално ниво. Во секоја земја националниот примерок опфаќа околу 1.000 мажи и жени кои беа интервјуирани лице в лице, преку телефон или он-лајн. Теренската работа е спроведена во текот на ноември – декември 2017 година. Севкупната маргина на грешка изнесува три до пет отсто.
Во Македонија е спроведена теренска анкета, лице в лице, во домот на испитаникот, на репрезентативен примерок со 1.210 испитаници постари од 15 години, во периодот 21 ноември – 01 декември 2017, со маргина на грешка од +/- три отсто.

извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: Брима ГалупистражувањеМакедонијаоптимизамрегион
Share4TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ