• Latest
Добро утро со Орданоски

Македонија во центарот на глобалниот заговор!

September 19, 2018
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Македонија во центарот на глобалниот заговор!

September 19, 2018 07:30
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]Д[/dropcap]еновиве слушам неверојатни теории на заговор што се шират според принципот кој кај ќе стигне во реалниот и виртуелниот простор за комуницирање, а главно потекнуваат од порадикалните кругови на бојкотирачките инспирации во врска со референдумот.

На пример, една од овие конспиративни измислици е дека идејата на Западот и на НАТО, со приемот на Македонија во оваа воена алијанса, е потоа, по мирен пат (?!), да се создаде „Голема Албанија“ преку, за почеток, конфедерација, а потоа и федерација меѓу Албанија, Македонија и Косово! Оваа теорија-во-една-реченица остава на фантазијата на политиколозите во локалните обложувалници и пред маалските гранапчиња, со пивце в рака, да објаснуваат што ќе се случи со етничките северно-Македонци во таквиот западно-албански, антимакедонски комплот… Чаре? Нормално, наместо со Албанците, федерално да се споиме со Србија, помогнати од Русите, како единствен спас од големоалбанските апетити.

Една друга ингениозна теорија вели дека со членството на Македонија во НАТО и ЕУ, Западот, всушност, става дефинитивна рампа на силниот пробив на Кина на европскиот континент, бидејќи единствената можна свилено-патна рута на Кинезите за освојувањето на Европа мора да помине низ библиската земја Македонија! Вака, со Македонија во НАТО – остана Кина отсечена од европскиот континент, што ќе биде локален почеток на нејзиниот глобален крај.

Има и такви кои тврдат дека, со формалното влегување на Македонците под западниот политички, економски и безбедносен „чадор“, на Криволак ќе се тренираат западни „терористи“ за дестабилизирање и рушење режими низ целиот свет, што од нас ќе создаде воен полигон за вежбање на западните (всушност, се мисли на американските) воени ресурси за насилно владеење со светот. Оваа теорија, дополнително, разви и нуклеарни анекси на заговорот, оти географски сме како создадени за експерименти со ураниумски збогатените оружја.

Се разбира, во секоја варијанта, овде ќе се отворат големи бегалски кампови за муслиманите од арапскиот и африканскиот свет. А Гугл, секако, ако помине Преспанскиот договор, ќе ја избрише опцијата за македонски јазик од своите интернет пребарувачи!

И така натаму… Значи, успее ли референдумот, како и да го свртиш, со извинение, наебавме!

Всушност, не е работата во тоа да се докажува дали се и колку бесмислени сите овие поединечни теории на заговор. Вистинскиот проблем настанува ако се согласите дека сите овие конспиративни сценарија се точни?! Бидејќи, нема начин како да се спречи избувнувањето на Третата светска војна токму во Македонија ако овде се судрат руско-кинеско-западно-муслиманските стратегиски интереси, застапувани од анти-референдумските заговорници.

Како што е познато, конспиративните теории се темелат врз три базични претпоставки: ништо не е случајно; ништо не е како што изгледа дека е; и сè е поврзано! Плус, овие теории се потпираат врз длабоки предубедувања, слични на религиозните догми, за чие разбивање докази не помагаат.

Така, на пример: не може да е случајно што во истата недела кода САД воведуваат засилени трговски бариери за кинеските производи на американскиот пазар, токму министерот за одбрана на САД е во посета на Македонија каде тврди дека сме изложени на агресивна руска закана за наше интегрирање во НАТО, баш во моментот кога сириските противвоздушни ракетни системи, изманипулирани од израелските авиони, соборија сојузничко руско шпионско летало над Идлиб!… Плус што знаеме и тоа дека Земјата е рамна и дека освојувањето на Месечината е само еден лош холивудски проект! Заклучок: „Голема Албанија“ ќе го попречи „Патот на свилата“ со тоа што на Криволак ќе се отворат огромни бегалски кампови за тренинг на муслимански терористи кои имаат за задача да ги сотрат Словените на Балканот! … Што, да не не!?

Сакам да кажам, ако имате гасена вар во главата, џабе сите најпријателски и најдобронамерни совети и пораки што светската политичка елита, со голема симпатија и грижа кон Македонија, деновиве ги „истура“ во неограничени количества пред македонската јавност апелирајќи на здравиот разум на граѓанството… Всушност, ако имате креч во главата, целата таа елита, имено, е дел од заговорот против Македонија! Тонч!

 

 


ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ се објавува на медиумската платформа на ЦИВИЛ. 

Објавено и во Плусинфо и Слободен печат.

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Share606TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ