• Latest

Македонска зелена агенда: Трендот на злоупотреба на зелените идеи се опасност и за Северна Македонија

October 16, 2023

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Македонска зелена агенда: Трендот на злоупотреба на зелените идеи се опасност и за Северна Македонија

October 16, 2023 14:34
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Ултра десничарски, неонацистички и други радикални или екстремистички поединци или групи го наоѓаат своето упориште во  зелените движења или иницијативи, па и во зелените партии. Од таму затскриени зад зелената агенда се наоѓаат слободни да ги шират своите деструктивни и антидемократски идеи“, изјави Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ на панелот на тема „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?“.

Зборувајќи за можните злоупотреби на зелените идеи и прашања истакна дека ваквата состојба станува тренд не само во Северна Македонија, туку и пошироко.

„Ние како мала земја која е фрагментирана по политички, културни и други основи, ние како сиромашна земја сме во опасност таквите идеи да се инфилтрираат во таквите движења, во зелените иницијативи, партии или проекти, со предзнак зелено, а да работат на сосема друга агенда“, истакна Дерала.

Тој додаде дека ваквиот тренд може да се надмине со деноноќна заложба на сите оние кои го забележале, а владата и институциите мора да работат поажурно во заштита на јавниот интерес и безбедноста на земјата.

Габриела Кулебанова, претставник од бизнис секторот истакна дека според европските истражувања недовербата во институциите доведува до зголемено работење на сивата економија, но и појава на дезинформации и злоупотреби.

„Ние треба да си ја зголемиме довербата кон институциите за тие потоа да можат да ги преземат конкретните мерки кон оние кои што шират дезинформации или се прават злоупотреби во било која сфера или пак се работи на црно“, изјави Кулебанова.

Кулебанова истакна дека треба да ги надминеме сте бариери што не се во насока на општото добро и бенефитот од зелената агенда.

И двајцата соговорници се согласија дека приоритетите во контекст на зелената агенда не се само искористувањето на обновливите извори на енергија, туку и дигитализацијата, земјоделието, регулирањето на отпадот.

Б. Ј.

камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети

Tags: Габриела Кулебановазелена агендазлоупотребиЏабир Дерала
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ