УТРИНСКИ КОЛУМНИ
Целата оваа драма околу евентуалното менување на мнозинството на едната или на другата страна во распоредот на седењата во клупите на опозицијата и на власта во Собранието е, на директен начин, девалвирање на принципите на доброто владеење и злоупотреба на изборната доверба на гласачите за најприземни партиски пазарења и кандидатски надигрувања. Десетина дена наназад, секој ден, од утро до вечер, кој како од партиските лидерства ќе излезе пред некои камери, се лицитира со „најново“ мнозинство во Парламентот, како политичката арена да е сточен пазар, а гласачите мулиња на препродажба., читајте во новата колумна на Сашо Орданоски „Знам дека си ти кога викам алооо…”.
ИЗБОРЕН РАПОРТ
ЦИВИЛ ќе сподели нови податоци и анализи од мониторингот на изборите во 27-то издание на ИЗБОРЕН РАПОРТ во среда, на 27 октомври, со почеток во 12 часот. Преносот ќе се одржи од вообичаената локација, прес студиото на ЦИВИЛ во бизнис центарот „Палома Бјанка“, на 3. кат.
Најмногу три новинарски екипи, со претходна најава на мејлот [email protected] ќе бидат прифатени со физичко присуство. Другите заинтересирани можат да побараат линк од Зум на истиот мејл или по телефон 070 699 580.
Преземањето на видео преносот и сите текстуални содржини поврзани со изборите, објавени на civilmedia.mk (македонски), drejt.mk (албански) и civil.today (англиски) е дозволено целосно, според лиценцата Creative Commons 4.0 (линк до изворот).
ВАЖНИ НАЈАВИ И АКТИВНОСТИ НА ЦИВИЛ
МОНИТОРИНГ на www.civilmedia.mk за да се информираат навремено за сите активности во кои има простор за нивно учество.
ПРОДУКЦИЈА Тимот на ЦИВИЛ и Редакцијата ЦИВИЛ МЕДИА ќе имаат голем број средби и интервјуа со кандидатките и кандидатите на локалните избори.
АНГАЖМАН ЦИВИЛ е отворен за соработка и за ангажирање на новинар(к)и и асистент(к)и на проекти – до крајот на декември. Потребно е да се испрати биографија и мотивациско писмо на [email protected].
НАСТАНИ
КОНГРЕС: Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа денеска ќе расправа по Извештајот за спроведувањето на Европската повелба за локална автономија од страна на Северна Македонија.
ФОРУМ: Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска ќе се обрати на панелот „Берлински процес – Што следи?“ во рамки на дводневниот Белградскиот безбедносен форум,
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА: Прес-конференција на портпаролите на Владата
Дел од најавите во овој текст се од сервисот на МИА.
Д. Мишев