ЗОРАН ИВАНОВ
Воскликот на најголемиот дел од македонските највлијателни медиуми, македонските национални ТВ, кажано во една реченица, упатува на еуфорична реакција на редакциските уредувачки политики затоа што власта не успева да обезбеди 2/3 парламентарно мнозинство за македонската европска иднина па, наместо да им приговорат на еу кочничарите, им се придружуваат со грст задоволство излеани во најави и наслови од типот “Владата тешко ќе дојде до 2/3 мнозинство” и, при тоа, уредниците на ваквиот журналистички пристап, оние наивните и заведени од политикантите или оние другите, ангажираните, свесно, несвесно, практично застанаа на бугарската билатерална наместо на македонската мултилатерална европска страна и, заедно со политичките контраши, наместо на ЕУ масата, Македонија ја влечат наназад пак во прегратките на бугарските негаторски канџи и онака уреднички интелектуално си се прашуваат “како до 2/3” и, при тоа, одговорот, неминовно, бргу ќе си го разберат кога и себеси ќе си се саморазберат дека сакајќи, несакајќи, свесно, несвесно, станале влијателен дел од софискиот антимакедонизам и дека нивното сегашното ликување за неоствареното “мнозинство”, за кусо време ќе им изроди каење, а, нели, после ….. нема каење туку само – Цацко!