• Latest

Макрон во Москва – Во потрага по рамнотежа меѓу големите сили

February 7, 2022

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Макрон во Москва – Во потрага по рамнотежа меѓу големите сили

Слично како легендарниот француски лидер по Втората светска војна Шарл де Гол, Макрон Франција ја гледа како силна рамнотежа помеѓу Русија и САД.

February 7, 2022 16:25
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ПОЛИТИКА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

АЛЕКСАНДАР НИКОЛИЌ ПИСАРЕВ

Францускиот претседател Емануел Макрон отпатува за Москва, а потоа ќе го посети и Киев откако претходно имал консултации за оваа турнеја со американскиот претседател Џо Бајден, а  германскиот канцелар Олаф Шулц треба да патува за Вашингтон. Дали е ова почеток на крајот на руско украинската криза, откако минатата недела Путин му испрати на Бајден пишан одговор како во иднина ја замислува безбедносната слика на Европа и на Русија. Пред да се качи во авион, Емануел Македон претходно имаше скоро едночасовен разговор со американскиот претседател Џо Бајден за да ги координираат ставовите воочи неговата посета на Москва. Станало збор за интензивни дипломатски напори да се одврати Русија од понатамошното натрупување на трупите долж украинската граница. Заедничката констатација е дека и Макрон и Бајден ја потврдиле непоколебливата поддршка на Сојузниците да се сочува територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

Воочи пристигнување на Макрон во Москва портпаролот на Кремљ рекол дека средбата е всушност континуитет и продолжеток на нивните претходни телефонски разговори. Централната тема на средбата ќе бидат всушност безбедносните гаранции кои ги побрала Москва.
Коментирајќи ја оваа посета Ројтерс заклучува дека Макрон на средбата со Путин смета дека е можно да се пронајде компромис за да се избегне војна во Украина, и дека Русија има право да биде загрижена за сопствената безбедност.

Москва повторува – нашата цел не е Украина

Москва повторува дека нејзината цел не е Украина, него одредување на правилата за меѓусебното однесување со НАТО и ЕУ. Москва очекува дека средбата помеѓу Путин и Макрон ќе биде пат да се спречи војна ескалација. Макрон смета и дека треба да се воспостави нова рамнотежа за заштита на европските држави, пред се на Украина, но и за смирување на страстите во Русија.

Германскиот канцелар Олаф Шулц патува за Вашингтон на средба со американскиот претседател Џозеф Бајден. Тој пред тргнување на пат уште еднаш ја предупредил Русија за сериозните последици кои можат да ја погодат доколку продолжи напнатост на границата со Украина и сеуште неги исклучува санкциите кои прво би се однесувале на гасоводот Северен ток 2.
Инаку Германската влада има јасна позиција да своите војници не ги испраќа во кризните подрачја и не испорачува оружје на Украина. Најголем процент на Германците ја поддржуваат ваквата политика на владата. Германија е сепак спремна да ги засили воздушните контроли над балтичкото море и смета дека сите напори морат да бидат насочени кон спречување нова војна во Европа. Германија чувствува обврска да биде активно вклучена во зачувување на безбедноста во Европа и на сојузниците.
Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба повикува да се елиминираат црни сценарија околу неговата земја и нагласува дека Украина е силна, и дека има голема меѓународна поддршка да ја сочува својата сувереност. Тој вели дека Украина за разлика од пред неколку години има силна војска и силна меѓународна поддршка и силен мотив на украинските граѓани да имаат доверба во својата земја и смета дека непријателот треба да се плаши од нив, а не тие од него.
За сега, украинската војска во потполност ја контролира состојбата на руската граница изјавил украинскиот претседател Володомир Зеленски и дека се спремни за сите сценарија, но дека сепак акцент сакат да стават на дипломатското решение да се смири состојбата.
Очекувањата од Макроновата посета се големи а проценките се дека суштина на разговорите сепак ќе се сведе на контрола на нуклеарното вооружување помеѓу Вашингтон и Москва и таа контрола во најголема мера ќе зависи од напредокот на дипломатските активности и преговорите околу безбедносните гаранции кои ги бара Москва.

Москва ги цени напорите на Макрон

Москва ги цени напорите на Макрон но од посетата не очекува спектакуларен резултат.
За сега Русија и понатаму ќе ги задржи на украинската граница 100  војници и тврди дека нема намера да ја нападне оваа соседна земја, но не порекнува дека  би можела да превземе одредени воени акции ако нејзините барања не бидат исполнети, што подразбира и да Украина нема да влезе во НАТО. Портпарол на Кремљ Дмитриј Песков, како што пренесува Ројтерс, изјавил дека Русија е свесна за напорите кои ги прави Макрон за да се намалат тензиите, но ситуацијата е премногу сложена да од оваа посета би можеле да се очекуваат драстични промени, посебно што како што вели од западните соговорници Москва не слушнала ништо ново изјавил Песков.
Извори блиски до францускиот претседател сметат дека целта на оваа посета е купување на време барем за два месеца додека да поминат изборите во неколку европски држави – Унгарија, Словенија и Франција. Источно европските држави кои со децении биле под  советска власт сметаат дека Макрон има премногу мек став кон Москва и му замерат што во оваа посета оди сам (само со преведувач) и што не го следел примерот на неговиот претходник  Франсоа Оланд која во 2015 година  на разговорите во Кремљ отишол заедно со германската канцеларка Ангела Меркел.

Усвитени  телефони

Макрон во последните недели многу често разговарал телефонски со Владимир Путин, многу почесто отколку неговите европски колеги, што во Париз се оценува како успех на француската дипломатија со оглед на тоа дека до скоро, Путин како единствениот партнер за преговорите околу Украина го сметал само американскиот претседател Џо Бајден.
Сега сликата малку се разликува па како придвижување се проценува дека Москва како партнери за разговорите ги смета и НАТО и ОБСЕ и ЕУ, како и нормандиски формат (Француска, Германија, Русија и Украина).
Но да потсетиме дека неговата посета на Москва доаѓа во предвечерје на претседателските избори во Франција, и доколку Макрон од Москва се врати со кратки ракави тоа ќе бидат аргументи на неговите политички противници да го нападнат пред гласачите, посебно што Франција веќе подолго време ја бие глас дека води „про-руска политика“.
Со последните потези Макрон сепак сака да стави акцент пред се на европската безбедност, што го потврдува со приклучување кон европските закани за санкции кон Москва но и со распоредување на француските трупи во Романија за да го засили присуството на НАТО во таа држава.

Русија сака кохабитација со НАТО

Гласот на Америка оваа посета ја смета како можност да се намалат шансите за руска инвазија на Украина, а дека и понатамошното натрупување руски трупи на границата со Украина, е дел на пошироката стратегија на Кремљ да ги добие бараните гаранции, а не вовед во нова офанзива.
Геополитичката цел на Русија во овој миг очигледно не е Украина, туку дефинирање на нови правила и воспоставување на кохабитација со НАТО и ЕУ, објави Гласот на Америка само неколку часа пред полетувањето на Макрон за Москва, каде ќе се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин.
ВОА ја пренесе изјавата на Макрон кој вели „Интензитетот на дијалогот кој го имавме со Москва и денешната посета веројатно ќе ја спречат војната операција. Затоа ќе разговараме за условите за де-ескалација. Секогаш сум бил во длабок дијалог со претседателот Путин и наша одговорност е да градиме историски решенија“.

Слично како легендарниот француски лидер после Втората светска војна Шарл де Гол, Макрон Франција ја гледа како силна рамнотежа помеѓу Русија и САД. Затоа минатиот месец во европскиот парламент ја повикал ЕУ да ги продолжи разговорите со Кремљ и дека треба да се разговара за некоја врста безбедносен договор со Кремљ. Но, и дека безбедноста и суверенитетот на Украина или било која европска држава не можат да бидат предмет на компромис.

„Мораме да ја заштитиме нашата европска безбедност, но и да ја почитуваме Русија и да имаме разбирање за траумите на Русија и на тој голем народ и нација“.
Француските власти тврдат дека Макроновото патување во Москва е потполно координирано со западните сојузници, и дека и НАТО и ЕУ ќе бидат детално информирани за резултатите од посетата.

 

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ