ЗОРАН ИВАНОВ
Дали со тоа што ВМРО-ДПМНЕ сега интензивно ја форсира тезата дека корупцијата, а не нивната блокада, е причината што Македонија месецов не ги почна преговорите со ЕУ е некакво задоцнето перење совест или е тоа ново сеење магла како онаа дека сите не мразат, дека ќе ни ја украле историјата или дека ќе сме се бугаризирале, сеедно, какви се` изговори отпосле и да си пакуваат во нивниот партиски штаб е неважно зашто неменлив е фактот дека земјава не отсега, туку дека од корупција е самоблокирана цели три децении и дека, покрај другото, токму деблокадата на европското интегрирање ќе беше тој организиран и мотивациски почеток и за нејзино скротување па, оттука, кажано во оваа една реченица, единствено што на припадниците на нотарска пратеничка група, на тие киднапери македонската иднина и на нејзиното партиско водство им останува е да продолжат да си ја слават мала вмровска победа во големиот македонски пораз.