• Latest

Малите компании се судираат со проблеми од административна природа

April 26, 2018
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Малите компании се судираат со проблеми од административна природа

April 26, 2018 14:26
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Со многу проблеми се соочуваат  компаниите во градежништвото, земјоделство, туризмот, текстилството и ИТ технологија и како тие да се надминат преку конкретни решенија за менување на законската регулатива се прашањата на кои денеска во Струмица на инфо сесија дебатираа претставници на стопанските комори на Македонија, Организацијата „Епи Центар Интернационал“ и претставници на компании од струмичкиот регион.

Инфо сесијата се одржа во рамките на реализацијата на Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“.

Според Ирена Мојсовска, од Стопанската комора на Македонија, малите, микро и средните компании се судираат секојдневно со многу проблеми.

– Има повеќе проблеми како што се во делот на работните односи, потоа во делот на животната средина, но со конкретна анализа ќе излеземе по завршувањето на овие 20 информативни сесии во септември годинава, рече Мојсовска.

Низ сесиите досега поминале повеќе од 500 компании на различни теми. Затоа и проблемите се различни во зависностод секторот од кој доаѓаат компаниите.

– Компаниите најмногу ги погодуваат проблемите со капацитетот на администрацијата во спроведувањето на прописите. Едно е да се напише закон и да се донесе и тоа најчесто се  прави со добра волја и добра намера, но за жал кога треба да се спроведе законското решение се јавуваат големи проблеми. Втор проблем е униформноста, односно како некои прописи се спроведуваат во Скопје, во Битола, во Струмица, во Тетово. Исто така, проблеми се јавуваат и во усогласувањето на законите со европското законодавство. Знаеме дека капациетот на нашите фирми е многу различен, а условите за работа не се исти како во други земји и тој процес на прилагодување не оди лесно, смета Љупчо Димовски од „Епи Центар Интернационал“, организација која ги спроведува сите проектни активности од овој проект.

Инаку, проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ е на УСАИД. Целта е преку подобра правна усогласеност на компаниите и поддршката на механизмите за јавно-приватен дијалог да се зајакнуваат и капацитетите на Стопанската комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациси технологии-МАСИТ, Стопанска комора на Северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија за да можат подобро да ги застапуваат микро, малите и средните претпријатија.

Извор: МИА

Tags: инфо сесијаСтопанска комора
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ