• Latest

Маневски: Идентитет „а ла Штип“

November 29, 2018

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

October 8, 2025

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Маневски: Идентитет „а ла Штип“

November 29, 2018 11:13
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Во однос на идентитетот, се наоѓаме во состојба како Евреите пред Христос. Постојано чекаме некој Месија, да ни се јави лидер на партија кој ќе ни го покаже патот, влада која ќе ни отвори работни места, Европа која ќе ни донесе куп пари, а ние нема да работиме…“, изјави новинарот Војо Маневски од Штип, на панел дискусијата „Губење на идентитетот, или…“, во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода.

„Јас работам во локална телевизиска станица, живеам и роден сум во место кое се нарекува Ново Село. Тоа е еден дел од Штип, кон кој што подоцна се припоил останатиот дел од градот. Не знам дали Свети Петар пишувал за него во писмата, или Аминта Трети, или не знам кој, го споменал, но еве постои таму, барем едно 1000 или 1500 години…

Поради моиве години, одам рано на работа, а во овие есенски и зимски денови, утрото знае да биде мрачно… Кога поминувам оттаму, незаобиколна е обновена куќата на семејството Мијалкови (малку проширена навистина, ама и тоа е идентитетот на ова време) или родната куќа на мајката на поранешниот премиер… А веднаш до неа, некако на надвиснато, ама само камења се останати, родната куќа на Ванчо Михаилов. И куќата на Тодор Александров, од која има само по некој камен… Десно од нив, на 50 метри, е родната куќа веројатно на најпознатиот Македонец надвор од Македонија, иако кај нас не се знае многу за него. Тоа е професорот по етика Тодор Попов, инаку регент на бугарското царство и еден од соработниците на Сартр. Голема личност, ама неговата куќа не е ‘склонопадна’, таа е речиси цела падната. Нема никој некако да ја обележи. На 10 метри од неа е родната куќа на Михајло Апостолски. И таму, со борина – како што велат моите новоселци – можеш да откриеш обележје… Нема ништо. И тоа е дел од тој идентитет за кој денес сакаме да кажеме дека го наследивме…“, рече Маневски.

„… Има една старинска меана, се вика ‘Кај чичко Заки’, не е приватизирана, затоа што била приватна уште 60-тите, па турболенциите не ја зафатија. Таму седат „пратениците“. Зошто пратеници? Тие сами така се нарекуваат, затоа што наутро ги испраќаат од дома, да ги однесат внуците, децата, да ја проверат позитивната листа на лекови по аптеките… Кај нив е интересно што тие пијат само турско кафе и локум и вода, читаат весник…. Седнувате со нив да зборувате и тие зборуваат за некакви други текови, не модерните, бидејќи се работи за луѓе кои се родени главно 50-тите години.  И сите тие на крајот како лајтмотив велат: ‘Сѐ е наопаку’. Ги знаат сите светски заговори. И, се разбира, сѐ е наопаку затоа што времето во кое што тие го достигнале својот зенит, не било такво, според правилата што денес се поставуваат. И пред себе, речиси секој втор, има по едно мало пусулче, на кое што пишува ‘Земи три леба…’“, рече Маневски.

„Втората генерација од моите соограѓани излегува некаде околу 11 – 11,30 наутро, и седнува во некоја од мешавините од пицерија, кафеана, кафич…, не знам веќе ни како се нарекува. Интересно кај нив е што сите се политички определени, сите се членови на партии, затоа што по инерција продолжиле од Сојузот на комунисти да бидат членови на СДСМ, или оние другите кои станале членови на ВМРО, во најголем број, се разбира… Тоа е рокерската генерација која сѐ уште носи патики од две причини. Првата е оти кога почнале на корзо да одат било симпатично да се носат патики. А втората? Затоа што младите главно купуваат скапи патики, а не се занимаваат со спорт, па ќе преостанат да ги носат, и родителите ќе ги облечат. Така што, кога ќе тргне некој кон тоалетот може да видите и некој со фосфорни патики, со оние што светат. Тоа можеби изгледа неприкладно, но тоа е сликата на идентитетот на таа генерација мои соограѓани во овој момент… Научени се на овие, новиве телефони, затоа што ако сакаат да си ги слушнат децата и внуците мораат на скајп, такво е времето, и многу е тешко да се седи со нив, затоа што се – горчливи. Но, толерантни…“, рече Маневски.

„Третата генерација се деца на транзицијава, родени некаде по ’75-тата. За нив велам дека имаат многу малку идеологија, а за морал и останато, нека зборуваат критичарите. За нив е светоназор: ‘Сега искористи ја секоја шанса!’ Без исклучок се членови на политички партии, ги заземаат местата по штабовите и тоа ревносно. Да не им го заземе некој, за да се дојде до работно место, унапредување… Не размислуваат за тоа тоа што им го испратил шефот од Скопје е исправно или не… Жртви на транзицијава… Тие деца носат телевизори кои ги нарекуваат телефони, разговараат на нив по цел ден, седат, доаѓаат околу 5-6 часот попладне, не разговараат меѓу себе, веројатно комуницираат преку социјалните мрежи, пијат макијато, со задолжителното пластично лажиче кое го држат во уста… И сѐ што можеш да слушнеш од нив е: ‘Јас не се наоѓам овде’. Студираат за да студираат, не размислуваат за ништо друго, освен тоа како неговиот другар земал 2.500 евра работејќи во Германија, а станува во 11 часот наутро… Околу 11,30 Питу Гули веќе загинал…, ама, да не ги навредувам“.

„Мојот впечаток, на крајот од оваа петта деценија како човек, во однос на идентитетот, е дека се наоѓаме во состојба како Евреите пред Христос. Постојано чекаме некој Месија, да ни се јави лидер на партија кој ќе ни го покаже патот, влада која ќе ни отвори работни места, Европа која ќе ни донесе куп пари, а ние нема да работиме…“, резимираше Маневски.

Изјавата на новинарот Војо Маневски е дел од проектот „Губење на идентитетот или…?“ кој ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува во соработка со Фондацијата „Хајнрих Бел“ од Германија. Ставовите на десетина експерт(к)и и креатор(к)и на јавното мислење за идентитетските и општествено-политичките прашања поврзани со процесот за надминување на македонско-грчкиот спор околу името деновиве ќе бидат објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ.

Досега се објавени ставовите на Љубчо Георгиевски, новинарите Ѕвездан Георгиевски, и Синиша Станковиќ, на професорите д-р Мирјана Најчевска, д-р Катерина Колозова, д-р Мирјана Малеска и д-р Сашо Орданоски. и активистката Мерсиха Смаиловиќ. Ставовите и анализите за тоа што се добива, а што се губи со Преспанскиот договор ќе бидат објавени и во печатена публикација во декември.

Ангела Петровска
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети

 

 


Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста

Print Friendly, PDF & Email
Share65Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ