• Latest

Маричиќ: Колку порано ги примениме укажувањата од Извештајот на ЕК, толку побрзо ќе се трансформираме и ќе се подготвиме за членството во ЕУ

December 12, 2022

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Маричиќ: Колку порано ги примениме укажувањата од Извештајот на ЕК, толку побрзо ќе се трансформираме и ќе се подготвиме за членството во ЕУ

December 12, 2022 12:57
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Она што сега треба да се фокусираме е спроведување на реформската агенда, брзо напредување во процесот и граѓаните да почнат да ги чувствуваат придобивките од преговорите со ЕУ. Од тука и мојата заложба и барање секој еден да биде вклучен во преговорите, што се национална задача за сите нас. Јавно да се дискутира, заеднички да се делува, за сите предности и слабости забележани во Извештајот побрзо се надминат, изјави во обраќањето вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на денешната панел дискусија за Кластерите 2 и 3 „Внатрешен пазар“ и „Конкурентност и инклузивен раст“ во рамки на серијалот „На европскиот пат: Нови реформи, нови можности“.

Маричиќ истакна дека годишниот Извештај на Европската комисија за 2022 година, ќе биде основа за компарација како било пред, а како после почетокот на преговорите, додавајќи дека скринингот со ЕУ се одвива непречено според предвидената динамика, оценувајќи дека ќе донесе поголем поттик за реформи во земјата.

-Затоа пред Извештајот застануваме транспарентно, инклузивно и одговорно кон сè она што е нотирано во него. Секоја забелешка и препорака да биде наша насока за планирање на следна реформска активност, доколку сакаме да успееме во овој државнички проект, кој се случува само еднаш и за кој имаме само една шанса. Досегашните воспоставени реформи и стандарди се одржливи и продолжуваат во сите области, а почетокот на преговарачкиот процес е нова можност, реформите продолжуваат уште позасилено, нагласи Маричиќ.

Тој рече дека колку побрзо ги корегираме укажувањата толку побрзо ќе се трансформираме и ќе се подготвиме за членството во Унијата.

-За тоа имаме капацитет и политичка волја да го реализираме. Владата е посветена на реформите, бидејќи нашата примарна цел не е само членството во ЕУ, туку трансформирањето на македонското општеството кон подобро и бенефитите кои ги носи Унијата за граѓаните. Сегашното „Добро ниво на подготвеност“ во годишниот Извештај на земјата за 2022, е потврда дека основа имаме, дека европските законодавни темели се поставени, некаде повеќе некаде помалку, и дека време е за ефективна примена и спроведување на правото на ЕУ, рече Маричиќ.

Како што оцени тој, напредокот ќе зависи само од нас, оценувајќи дека „немаме повеќе блокади од никого, затоа нема простор за изговори и силна поддршка од европските институции, од државите членки, што треба да нè поттикне да го интензивираме спроведувањето на европската реформска агенда“.

Во однос на денешната дискусија за Кластер 2, „Внатрешен пазар“ и Кластер 3, „Конкурентност и инклузивен раст“, рече дека поглавјата од овие кластери имаат директно влијание врз животот на граѓаните бидејќи опфаќаат значајни области и за работниците и за работодавачите, малите и големите претпријатија, индустријата, стопанството, економската и монетарната политика, оданочувањето, социјалната политика, но и науката и истражувањето и образованието и културата.

-Свесни сме и знаеме дека пред нас е сложен и долгорочен процес што бара континуитет и силна политичка волја за темелни реформи. Но, пред нас има јасно поставена цел, јасен план за реформирање кој мора да продолжи. Ова не е проект на Владата, ова е државен и тимски проект кој надминува и мандат на една влада и партиски интереси. Знаеме дека обврската што ја преземаме е тешка, но ја знаеме и која ни е целта: развој, просперитет, европска економија, европски пазари, европски животен стандард за граѓаните, до крајот на 2030. Амбициозна, но достижна цел, заклучи Маричиќ во своето обраќање

Tags: Бојан МаричиќЕКЕУреформи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ