• Latest
Бојан Маричиќ / Фото: МИА

Маричиќ: Во октомври ќе се знае кој е за брзо членство во ЕУ, а кој за вадење на државата од европскиот колосек

September 10, 2023
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Маричиќ: Во октомври ќе се знае кој е за брзо членство во ЕУ, а кој за вадење на државата од европскиот колосек

Ќе се интензивира комуникацијата со секој пратеник во наредниот период. Ние очекуваме до септември-октомври јасно да се издвојат двата политички блока, едниот којшто е за членство во ЕУ што побрзо и другиот којшто е против членство во ЕУ и којшто смета дека имаме време за чекање. Чекањето е стратегија што ќе ја испразни нашата земја од млади луѓе и којашто ќе ја убие надежта за ЕУ, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервјуто за „Специјал на денот“, на МРТВ 2.

September 10, 2023 10:14
in ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Бојан Маричиќ / Фото: МИА

Бојан Маричиќ / Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Ќе се интензивира комуникацијата со секој пратеник во наредниот период. Ние очекуваме до септември-октомври јасно да се издвојат двата политички блока, едниот којшто е за членство во ЕУ што побрзо и другиот којшто е против членство во ЕУ и којшто смета дека имаме време за чекање. Чекањето е стратегија што ќе ја испразни нашата земја од млади луѓе и којашто ќе ја убие надежта за ЕУ, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервјуто за „Специјал на денот“, на МРТВ 2.

Маричиќ укажа дека доколку навистина сакаме да продолжиме со државите кои преговараат и да се задржиме со тој пакет, за да имаме шанса за влез до 2030 година, уставните измени се првата точка, првата одлука.

– Направивме сè, правиме и ќе направиме до крајниот рок да бидат донесени овие уставни измени. Сметам дека ќе успееме зошто другата опција е да се тргнеме од овој колосек на државите кои веќе преговараат, како што се Црна Гора, Албанија и Србија и да останеме во една групата држави кои се многу далеку од преговорите. Босна и Херцеговина минатата година доби кандидатски статус, Косово е во една сосема друг процес за нормализација на односите со Белград, минатата година ја поднесе апликацијата за членство. Ние тие фази одамна сме ги поминале, вели во интервјуто Маричиќ, информираат од неговиот кабинет.

Вицепремиерот е оптимист дека сите пратеници во Собранието ќе разберат во каков поволен момент се наоѓа Северна Македонија, бидејќи како што кажа Маричиќ, „јасни се сигналите дека 2030 е реален рок и достижен, но тоа не значи дека ни е даден на сите, зависи како ќе се поставиме ние“.

– Нашата битка е да останеме во пакет со Албанија, да забрзаме и да ги стасаме оние земји кои веќе преговараат 10 години. Нашата цел е наредниот пат кога ќе се отвори вратата за членство во ЕУ ние да бидеме тие што ќе влеземе. Тоа зависи само од нас во моментов и од тоа како ние ќе си ги сфатиме задачите и како ќе ги завршиме задачите. Нема веќе други коишто ќе нè спречуваат да одиме напред, само ние со внатрешната блокада или со неизвршување на задачите и незавршување на реформите може да се доведеме самите во категорија на држави коишто имаат сериозни структурни внатрешни проблеми, посочи Маричиќ.

За уставните измени Маричиќ смета дека не треба да бидат пречка за продолжување на преговорите со ЕУ, затоа што, како што посочи, со нив не се менуваа ништо суштински, се додаваат само неколку заедници, на овие кои веќе се воведени со Охридскиот рамковен договор од 2001 година, и дека одговорноста е јасно лоцирана кај опозицијата и кај пратениците кои треба да гласаат.

– Видовме дека Преговарачката рамка е доволна гаранција за заштита на сите наши граѓани и сите наши заедници. Видовме дека преговарачката рамка е таа што ни зацртува пат кон ЕУ и колку повеќе се трудиме побрзо можеме да влеземе во ЕУ, рече Маричиќ, изразувајќи верување дека со верба и напорна работа можеме да станеме членка на ЕУ до 2030 година.

Извор: МИА

Tags: ЕУМаричиќуставни измени
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ