• Latest

Маричиќ: Жалам што ВМРО-ДПМНЕ, која учествува и во владата, се постави крајно неодговорно и недржавнички во овие моменти

April 12, 2020

Народна банка: Учеството за станбен кредит за граѓаните кои првпат ќе купат стан ќе биде 10 проценти

September 15, 2025

ЦИВИЛ: Време е за одговорност – демократијата е во опасност!

September 15, 2025

Изгаснат пожарот во Трубарево

September 15, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Радоичиќ повторно го обезбедува Вучиќ; Дигиталната министерка „Диела“ предмет на полемики кај експертите; Суспензијата на САД на дијалогот со Косово предмет на различни интерпретации

September 15, 2025

Уништени над 100 парчиња оружје, 4 тони марихуана и над 21 килограми амфетамини, кокаин и хероин

September 15, 2025

Војната против Украина: Женски перспективи – јавна дискусија поврзана со книгата „Градот каде започна војната“

September 15, 2025

Онлајн настава во четири училишта во Гази Баба поради пожарот во Трубарево

September 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Келог: Ако Путин победуваше, ќе беше во Кијив, западно од Днипро, на Одеса, и ќе ја сменеше владата – Русија губи

September 15, 2025
Фотографија: Unslash

Локални избори во Германија: Германија: ЦДУ на Мерц е на пат да победи во Северна Рајна Вестфалија, АфД остварува голем напредок

September 15, 2025
Фото: Сјриншот од видео на Game Play

Нетанјаху е единствената пречка за враќање на заложниците дома, велат семејствата на киднапираните Израелци

September 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Маричиќ: Жалам што ВМРО-ДПМНЕ, која учествува и во владата, се постави крајно неодговорно и недржавнички во овие моменти

Целосен транскрипт и видео од вториот дел од интервјуто со Бојан Маричиќ, Национален координатор за интеграции во ЕУ

April 12, 2020 16:53
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во вториот дел од интервјуто со Бојан Маричиќ, Национален координатор за интеграции во ЕУ, правен експерт, разговараме за пропагандата, дезинформациите како и за лажните вести. Тој одговара и за политичките трикови за време на корона вирусот, како и за руското, односно антизападно и антиевропско влијание.

ЦИВИЛ МЕДИА: Во јавноса се лиферуваат информации и медиумски содржини, според кои, европската солидарност е во криза, тоа го гледаш како реалност или е фингирана односно режирана за да може да се намали рејтингот на Европската унија, која според сите истражувања гледаме дека е огромна. Меѓутоа, и покрај тоа гледаме содржини дека ЕУ е распадната, разодинита, пропаѓа, дека не е солидарна итн., дали е точно тоа?

МАРИЧИЌ: Европска унија е структура која веќе 70 години опстојува и постојано е мета на ваква пропаганда и вакви напади. Секако дек им требаше време да се организираат државите членки на ЕУ и европските институции, бидејќи сите овој вирус ги затече неподготвени, или делумно подготвени. Мислем дека секогаш може и подобро и повеќе, но јас сум сигурен дека Европската унија она што досега го прави е многу важно и добро за консолидација и меѓусебна помош. Ние веќе гледаме на дело како оние држави кои можат да прифатат поголем дел од одговорноста – прифаќаат, италјански пациенти одат во Германија со специјални летови, се пружи секој вид на помош што е можна. Носпотив тоа, се прави една пропаганда со помош од други центри и држави од Кина, од Русија итн., (секако секоја помош е добродојдена тука да немаме дилеми), меѓутоа лошо е кога таа помош се користи во цели за политичка пропаганда и за поткопување на европските вредности и ЕУ.

Мислам дека со механизните на ЕУ кои се воспоставени во последните недели, таа солидарност функционира добро, солидно и веќе се чуствуваат нејзините резултати. Она што е за нас е битно тоа дека ние сме вклучени на рамноправни основи како државите членки, како оние држави кои преговараат и во достапноста на набавките на најпотребните медицински производи.

Денес имаше писмо од министерот за надворешни работи на РС Македонија, Никола Димитров и од другите министри од регионот каде што бараме да бидеме иземени од оној систем за давање на дозволи за извос на медицинска опрема кај нас, и според моите информации ќе бидеме иземени. Така што ќе имаме ист статус како и Норвешка, Швајцарија или другите земји членки на ЕУ и тоа е голема работа за државите од Западен Балкан затоа што за едно кратко време, практично влеговме во кругот на со исти статус со државите членки, што е голема порака за овој регион, дека ние припаѓаме таму и уште повеќе нашите партенери од ЕУ сметаат на нас и сметаат на нашето партнерство, иако во овој момент самите имаат проблеми како што се Италија, Шпанија, Грција итн…

Имаме одлична соработка и со соседите со Бугарија и со Грција имаме одлична координација во време на оваа криза и само пофални зборови, сè друго е само пропаганда.

ЦИВИЛ МЕДИА: Во овие трагични времиња за целата планета, за целото човештво, изгледа како на некои политички партии во земјава поважен им е политичкиот рејтинг отколку да помогнат во справување со пандемијата. Секој чекор, секоја изјава, прес-конференција па дури и хуманитарните активности, подршката и собирање на хуманитарна помош, се обојуваат партиски, ако на тоа им се додадат и лажните вести и дезинформации кои секојдневно се дистрибуираат од одредени партиски штабови до медиумите до граѓаните, се чини дека во Северна Македонија инфодемијата се натпреварува со пандемијата. Како ќе ја коментираш оваа ситуација, може ли да ни посочиш конкретни примери и случаи за валканата политичка пропаганда во земјава, и како да се справиме со инфодемијата. Еве министерот за здравство Филипче и владата ни кажуваат како да се справиме со пандемијата, но како да се справиме со инфодемијата која исто така може да биде поденакво опасна?

МАРИЧИЌ: Ова е сериозно прашање и ќе бидам прилично конкретен. Жалам што ВМРО-ДПМНЕ како главна опозициска партија, која патем и учествува во владата во овој формат, што се постави крајно неодговорно и недржавнички во овие моменти. Најпрво се обидуваат по секоја цена да ја нападнат владата, односно останатиот дел од владата и монистерот Венко Филипче којшто секојдневно, безпрестан се бори со спречување на ширење и справување со последиците од овој смртоносен вирус со којшто се бори целиот свет.

Жалам што ја користат и помошта од нашите пријателски држави во партиски цели. Вчера имаше еден пост на господинот Муцински, меѓународниот секретар на ВМРО ДПМНЕ во кој вели дека конзервативните влади покажале на дело солидарност. Мислам дека тоа е многу штетно и опасно и го разорува нашето општествено ткиво, но и европското ткиво, бидејќи мислам дека во овој момент во Европа никој не гледа која влада од која партиска боја или која опозиција од која партиска боја на кого и на кој начин ќе му помогне и затоа мислам дека тие коментари се испод секое ново.

На пример, бев убеден дека помошта што доаѓа од Словенија е помоштта од словенечкиот народ кон граѓаните на Република Северна Македонија, исто така помошта од Унгарија е помош за нашиот народ и за сите, без разлика кој од која партија доаѓа. Јас верувам дека повеќето граѓани така ја доживуваат помошта, бидејќи сè поинаку би било нелогичнои несериозно. Имаше помош од Турција, Холандија, Швајцарија… и замислете ако владините претставници помошта да почнат да ја презентираат како партиски обезбедена помош или кредити кои би ги добиле, како кредити обезбедени од некоја партија.

Тоа само за жал укажува дека таа матрица на партиско владеење на сè и од умот па натаму, сè уште владее во ВМРО-ДПМНЕ и тоа е жалосно и тоа само кажува дека се далеку од очекувањата на граѓаните од тоа што би требале да бидат. Во овие моменти кога сите се бориме против само еден непријател а тоа е ширењето на пандемијата и справување со последиците од тоа, ВМРО ДПМНЕ го користи тоа за евтини политички трикови и јас сум убеден дека тоа ќе им се врати како бумеранг и дека граѓаните тоа ќе им го наплатат порано или подоцна кога и да бидат изборите.

ЦИВИЛ МЕДИА: Како ќе го оцените руското влијание, кој е глобален, но и наш македонски проблем. Руското влијание и дејствувањето на авторитарните антизападни и антиевропски структури е повеќе од евидентно, за тоа секој ден гледаме факти и докази. Колку е сериозна заканата од нив, од антизападните структури и руското влијание по евроатлантските интеграции и за македонските стратешки интереси?

МАРИЧИЌ: Ова прашање и оваа точка на руското влијание и генерално на антизападно влијание не смееме да ја преценеме, но никако не смееме да ја потцениме. Јасно бевме означени како мета на овој тип на борба меѓу Западот и Истокот, особено од страна на руските официјални лица, неколкупати бевме означени, без разлика што имаме пријателски односи, имаме и коректни економски односи, мислам дека е секогаш добро да се знае и да се потенцира дека нашите стратешки интереси се во НАТО и Европската унија.

Од таа појдовна точка можеме да соработуваме со секого ако сме на чисто дека ние сме членка на НАТО и дека сакаме скоро да бидеме членка на ЕУ. Треба да бидеме внимателни, бидејќи до членството во НАТО имавме многу сериозни напади и на лажни вести и со таа појава треба секојдневно да се бориме. Треба за нашите интереси без задршка да се бориме затоа што тоа го прави секоја држава, а нашите интереси се јасни и недвосмислени прикажани од граѓаните 75 проценти се за члеснтво во НАТО и ЕУ. Тука не треба да имаме дилеми, компромиси или договарања, а со секого може да имаме коректни и добри односи доколку го прифати нашиот став и нашиот интерес да бидеме членка на НАТО и ЕУ. Ние сме ги прифатиле тие вредности и за нив ќе се бориме и спроведуваме.

Ние треба да бидеме во сојуз со сите оние кои се соочуваат со истиот проблем и заеднички да се справуваме со него. Борбата со лажните вести е борба за демократија таа не е за нешто друго, бидејќи целта на лажните вести е да го подрива демократскиот систем и да и да воспостават хаос – хаос од кој најчесто профитираат диктаори.

Разговорот го води: Џабир Дерала
Монтажа: Ариан Мехмети
Обработка на текст: Дехран Муратов

 


(ОБНОВЕНО, транскрипт и видео, 1. дел) Маричиќ: Допрва ни претстојат битки, но правецот е вистински, вратите на ЕУ се отворени

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Бојан МаричиќЕУинтеграциилажни вестинационален координаторруска пропаганда
Share38Tweet24Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • (ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ