• Latest

„Марш за нашите животи“ – масовни митинзи против оружјето во САД

March 25, 2018
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„Марш за нашите животи“ – масовни митинзи против оружјето во САД

March 25, 2018 08:00
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Неколку стотици илјади Американци се собраа вчера на протест во Вашингтон барајќи построга контрола на употребата на оружје во САД, а слични собири се одржаа и во Њујорк, Лос Анѓелес и стотици други американски градови.

Според организаторите, митингот под мотото „Марш за нашите животи“, може да стане решавачки во донесувањето на закони за засилена контрола на употребата и ширењето на оружјето во САД.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, маршот се оценува како еден од најголемите протестни акции од времето на војната во Виетнам, кога половина милион луѓе протестираа против политиката на Белата куќа.

Истовремено, слични протести се одржуваа и во повеќе од 800 американски градови. По бројност, покрај Вашингтон, слични масовни протести имаше и во Њујорк и во Лос Анѓелес.

Противниците на употребата на оружје на таков начин демонстрираат сплотеност пред властите дека американското општество е спремно за радикални промени во однос на законодавството и Вториот аманман. Извршната и законодавната власт во САД се под контрола на републиканците, кои традицинално се за заштита на Вториот амандман, кој го гарантира правото на носење оружје.

Безбедносните органи порачаа дека се подотвени да обезбедат јавен поредок и да спречат секакви немири и нарушување на законот.

Помеѓу демонстрантите беа огромен број на млади, средношколци и студенти, кои во последно време земаа активно учество во слични настани.

Училишните установи во изминатите две децении беа местата каде се случија најголем број од вооружените напади. Според статистката, од 1999 година, до денес, во САД од огнрено оружје загинале околу 26 илјади деца и млади.

Пресвртен момент беше минатомесечниот напад во средното училиште во Паркленд во јужна Флорида, кога бивш ученик влезе во образовната установа и уби 17 лица.

Според организаторите на протестот, разликата од претхдните напори да се ограничи употребата на оружјето во САД е токму во енергијата на младото поколение.

Најистакнати активистки се Ема Гонзалес, Дејвид Хоф и Камерун Каски кои го преживеја нападот во Паркленд. Тие неделава имаа обраќање пред студентите во Харвард.

На протестот во Вашингтон дојдаа повеќе познати музичари, телевизиски лица и холивудски ѕвезди. Во маршот, меѓу останатите, се приклучија и брачната двојка Џорџ и Амал Клуни, Џими Фалон и Шер, а ќе настапат и музичките ѕвезди како Аријана Гранде и Мајли Сајрус.

Според најновата анкета на истражувачкиот центар „Асошиејтед прес-НОРК“, речиси 69 отсто од испитаните Американци сметаат дека треба итно воведување на реформи и построги закони во оваа сфера. Додека 50 отсто од испитанниците веруваат дека власта ќе им излезе во пресрет на барањата на организаторите и протестантите.


извор: МИА

Tags: Вашингтонконторла на оружјеПротест
Share22TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ