„Медиумите се слободни… Не постојат независни медиуми во Македонија… Да, има слобода, има и слободни медиуми… “, велат кумановчанки и кумановчани, одговарајќи на прашањето на ЦИВИЛ Медиа – дали постои медиумска слобода во Македонија.
„Има, на пример, Канал 5, Телма, Алсат – М“, одговори еден од соговорниците, а друг констатираше дека порано се гледала само една телевизија, Сител, а сега се гледаат сите медиуми.
Б.Јордановска
Камера: Атанас Петровски