• Latest
д-р Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар

Медиумите велат здравство и правда понудени на АА за влез во влада, Таравари вели ништо не е дефинитивно

January 20, 2023

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Спортот не е платформа за пропаганда на убиства

May 27, 2026

Уставните измени, „бугарското прашање“ и европскиот пат: Како да се води рационална дебата без страв и манипулации

May 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ТОП 5

Медиумите велат здравство и правда понудени на АА за влез во влада, Таравари вели ништо не е дефинитивно

January 20, 2023 14:00
in МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
д-р Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар

д-р Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар

Share on FacebookShare on Twitter

Алијансата за Албанците (АА) на чело со претседателот на партијата Арбен Таравари утре ќе го избира новото претседателство, а по Централното собрание новите партиски тела ќе ја разгледуваат можноста за влез во Владата и евентуалните преговори.

Според медиумите, Таравари, заедно со раководството на АА  добиле понуда од премиерот Димитар Ковачевски за заедничка влада до следните избори, а понудата се состои од Министерството за здравство и Министерството за правда, и два заменици министри.

Од партијата потенцираат дека целиот процес е можност да се постигнат уставни измени.

„Приоритет е да се даде дополнителна година за да се даде можност за уставни измени, за да не пропадне процесот со избори, кои не се знае што ќе донесат потоа“, нагласуваат од партијата.

Претседателот на АА Таравари, на прашањето на ЦивилМедиа за прифаќање на понудата и сè  друго што има врска со разговорите влез во влада, кратко одговори дека за сега, ништо не е дефинитивно.

Таравари пред неколку дена изјави дека постои можност Алијанса за Албанците да стане дел од Владата, а ако тоа не се случи треба да се оди на избори.

„Постои можност за влез во Владата. Конкретна понуда нема, но ние сме во постојана комуникација. Гледате како е во Собранието. Мислам дека сме 60-60. Собранието не може да создаде мнозинство без помош на Алијансата. Ако не станеме дел од Владата, тогаш одиме на избори. Нема друго решение. Сепак, приоритет за нас се уставните измени и затоа сме спремни да станеме дел од Владата за да го помогнеме процесот, рече Таравари во телевизиско гостување.

Н. Абдурахмани 

Tags: Арбен Тараваривлада
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ