Денеска е тажен ден, одбележуваме една година од кога Русија непровоцирано ја нападна Украина. Денеска е денот кога треба да се оддаде почит на храброста на Украинците и нивната посветеност кон демократијата и слободата. Кога Путин ја започна својата инвазија пред една година, тој мислеше дека Украина е слаба, а Западот поделен. Но, тој не беше во право. Една година подоцна, нашата посветеност е безрезервна, додека Украинците ја докажаа својата решителност да ја бранат својата слобода.
Цитат од говорот на Ерик Мејер, заменик на Амбасорката на САД, на конференција „Украина – година на хероизмот“