• Latest

Мејер: На лидерите на Северна Македонија им изразувам благодарност во името на САД за заложбата во борбата против руската агресија

February 24, 2023
Меморијал во близина на домот на Ана Политовскаја, Москва, 2006 (фото извор: Wikimedia)

„Путин не разбира дека луѓето имаат права“: 20 години од убиството на Ана Политковскаја, нарачателите сè уште непознати

October 9, 2026
Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади

October 9, 2026
Михаил Звинчук

Црна Гора: Приведен Звинчук, шефот на руската пропагандна мрежа „Рибар“

October 9, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Протести во Франција: Образовната криза ги продлабочува судирите меѓу средношколците и власта

October 9, 2026

Банките доминираат на Берзата, каде е остатокот од економијата?

October 9, 2026
фото: ВИ

Државата повторно се задолжи за 150 милиони евра – сметката ќе ја плаќаат граѓаните

October 9, 2026
Ен Карсон (фото извор: Википедија)

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026
Доналд Трамп, 5 октомври 2026, Небраска

(ВИДЕО) Остри реакции на „поканата“ на Трамп до Иран: „Нека го уништат Лос Анџелес, нека го уништат Сан Диего“

October 8, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Два дена, 52 загинати, убиени и пет деца – руски терор во Украина: Прилуки и Краматорск

October 8, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Буџетот не е чекмеџе од кое само се вади, мора и да се става во него

October 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Мејер: На лидерите на Северна Македонија им изразувам благодарност во името на САД за заложбата во борбата против руската агресија

February 24, 2023 12:54
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

На претседател Пендаровски, претседател на парламентот, Џафери, министерка за одбрана, Петровска, и други лидери од Северна Македонија, би сакал да ја изразам мојата благодарност во името на Соединетите Држави за вашата непоколеблива заложба за спротивставување на руската агресија. Уште еднаш ја докажавте вашата вредност како сојузник на НАТО, како бранител на територијалниот интегритет и демократските вредности. изјави Ерик Мејер, заменик на Амбасорката на САД, на конференција „Украина – година на хероизмот“, на невладината организација за човекови права и слободи, ЦИВИЛ – Центар за слобода и Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија.

https://youtu.be/3bnHEAXQ6Rk

„Денеска е тажен ден, одбележуваме една година од кога Русија непровоцирано ја нападна Украина. Денеска е денот кога треба да се оддаде почит на храброста на Украинците и нивната посветеност кон демократијата и слободата“, рече Мејер.

Мејер потсети дека кога Путин ја започна својата инвазија пред една година, тој мислеше дека Украина е слаба а Западот поделен. Но, тој не беше во право. Една година подоцна, нашата посветеност е безрезервна, додека Украинците ја докажаа својата решителност да ја бранат својата слобода.

Тој посочи дека претседателот Бајден претходно оваа недела за време на неговото патување во Полска рече „Пред една година, светот се подготвување за падот на Кијив“, но тој додаде „Кијив стои силно! Кијив стои гордо… и најважно, стои слободно“

Мејер повтори дека Кијив стои среде бруталноста на руските сили и платеници кои имаат ивршено злосторства против човештвото, без срам или сочуство. Таргетирано цивили со смрт и уништување и  користено силувањето како оружје на војната. Руските сили украдоа украински деца во обид да ја украдат иднината на Украина. Имаат бомбардирано железнички станици, породилишта, училишта и сиропатилишта.

Иако не можеме да ги тргнеме очите од овие ужаси, мора да се восхитуваме на отпорноста на украинскиот народ. Една година по бруталниот напад на Русија, Украина е сé уште независна и слободна. Од Керсон до Харкив, украинските борци ја вратија својата земја, изјави Мејер.

Тој нагласи дека на повеќе од 50 отсто од територијата што Русија ја држеше минатата година, сино-жолтото знаме на Украина повторно гордо се вее. Претседателот Зеленски сé уште води демократски избрана влада што ја претставува волјата на украинскиот народ.

Украина знае дека оваа борба е дел од нешто многу поголемо. И американскиот народ знае дека ако само стоиме настрана од вакви бесрамни напади врз слободата и демократија и основните принципи на територијалниот интегритет, светот сигурно ќе се соочи со полоши последици.

Затоа Соединетите Држави, заедно со нашите сојузници и партнери – вклучувајќи ја и Северна Македонија – ќе продолжат да осигураат дека Украина го има тоа што ѝ е потребно за да го брани својот народ и територија од руската агресија – колку што е потребно, додаде Мејер. Заедно ја забрзавме безбедносната помош за Украина со историско темпо, за да осигураме дека Украина може да ја брани својата територија. Вооружените сили на Украина го инспирираа светот со нивната огромна вештина, професионализам и апсолутна храброст бранејќи ја нивната земја од руската брутална и неоправдана инвазија.

Тој нагласи дека спротивно на руските напори активно да туркаат дезинформации и лажни извештаи за наводна незаконска диверзија на оружје од страна на Украина, видовме дека:

– Единиците на фронтот на Украина ефективно користат безбедносна помош во голем обем секој ден на бојното поле додека ја бранат својата земја од руската агресија .

– И запленувањето на оружје од страна на проруските сили – вклучувајќи и дониран материјал – беше досега главниот вектор на диверзија.

Соединетите Држави имаат составено светска коалиција од повеќе од 50 нации за храбрите украински борци на фронтот да го добијат критичното оружје и залихи. Тоа вклучува системи за противвоздушна одбрана, артилерија, муниција, тенкови и оклопни возила.

Земјите членки на ЕУ невидено ја зајакнаа својата посветеност кон Украина, не само во безбедносна помош, туку и во економска, хуманитарна помош, помош за бегалците и многу повеќе.

Соединетите Држави и нашите партнери стојат заедно со наставниците  на Украина, со нивниот болнички персонал, одговорноте за итни случаи, работниците низ градовите во Украина кои се борат да го одржат напојувањето и покрај суровото руско бомбардирање, рече Мејер.

Русија останува единствената пречка за мирот во Украина. Решението е едноставно. Ако Русија престане да ја напаѓа Украина, војната би завршила. Ако Украина престане да се брани од Русија, тоа би било крај за Украина. Русија и само Русија може да стави крај на оваа војна.

Ние стоиме заедно со милионите бегалци од оваа војна кои најдоа добредојде во Европа и Соединетите Држави. Нашата посветеност е кон народот на Украина и иднината на Украина – Украина која е слободна, суверена и демократска, нагласи Мејер во своето обраќање.

М. Д

Камера: Атанас Петровски / Александар Ризински
Монтажа: Ариан Мехмети
Фото: Ангел Ангеловски

 

Tags: AmbasadaЕдна година руска инвазија врз УкраинаконференцијаСАД
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ