• Latest

Мерките за намалување на загаденоста на воздухот со години непроменети, Скопје повторно на врвот

December 28, 2021

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Мерките за намалување на загаденоста на воздухот со години непроменети, Скопје повторно на врвот

December 28, 2021 14:13
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕН ЦИВИЛ, КОНТЕКСТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Скопје со години наназад е меѓу најзагадените градови во Европа и светот. Мерките кои се преземаат се ад-хок, најчесто задоцнети и се препишуваат истите мерки од година во година. ЦИВИЛ постојано алармира и пишува за енормното загадување во Градот и државата, за мерките и последиците кои произлегуваат од загадувањето.

Во текстот „Надлежните со препораки за енормно загадениот воздух“, од 2019 година, ЦИВИЛ ги објавува препораките и мерките кои Министерството за животна средина и просторно планирање ги упатува до населението поради загадувањето на воздухот и надминување на прагот на информирање утврден на вредноста од 100 микрограми на метар кубен во текот на два последователни денови.  Мерките се речиси идентични со денешните, и се сведуваат на препораки да се користи јавниот превоз, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материја, како и правилно да се користат печките за дрва.

На истата тема, енормно загаден воздух во градот, ЦИВИЛ објавува наслов „Воздухот во Скопје и денеска загаден, бесплатен јавен превоз за скопјани“ и во 2018 година.

И тогаш, по добиените информации дека квалитетот на воздухот во Скопје последователно два дена е загаден над дозволеното, односно над 200μg/m3,  повторно беа активирани мерките за ублажување на последиците од аерозагадувањето во градот.

Преппораките на Владата се истите: МВР треба да ја активира и да ја спроведе одлуката и контролата на веќе воведениот сообраќаен режим за тешки товарни возила чија крајна дестинација не е Скопје, во координација со МВР (да се користи обиколницата). Единиците на локална самоуправа се должни да го спроведат издавањето одобренијата за дотур на роба во забранети зони за сообраќај со важност до 7:30 часот, обуките на авто школите да се реализираат во период од 9:30 до 14:30 и по 18 часот, да се обезбеди или бесплатен јавен превоз или намалување на цената на билетот на градскиот превоз во период на неповолни климатски услови, што би било поттик за граѓаните за користење на јавниот градски превоз, да се зголеми фрекфенција на автобуси на ЈСП на сите дестинации, дневно чистење на улиците и пешачките површини и да ги зголемат инспекциските контроли на градилиштата, на ракувачите со отпадни масла и сервисите што работат на промена на масла.

Владата, воедно, ги задолжи сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпрјатијата и АД во државна сопственост, како и на ЕЛС да ја ограничат (до 50%) употребата на службените возила.

Се посочува дека градежните компании имаат обврска да користат вода за намалување на прашината при градежни активност (прскање, миење гуми пред излез од градилиште итн.), а градежните машини (багери, булдожери, виљушкари) да се пренесат до градилиштата до 7:30 часот наутро.

Тогашниот градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на прес-конференција соопшти дека поради загаденоста на воздухот над дозволеното ниво, се воведува бесплатен градски превоз за скопјани. Мерката стапува на сила веднаш и оти важи подеднакво за автобусите на ЈСП и за приватните превозници.

„Оваа мерка ќе трае се до моментот на намалување на загадувањето, за што дополнително ќе бидеме известени од страна на Министерството за животна средина“, рече Шилегов и додаде дека автобусите ќе бидат со зачестена фреквенција. Истовремено, тогашниот градоначалник ги повика МВР и МЖСПП, Државниот инспекторат за животна средина и општините да извршат засилени контроли над инсталациите што се под нивни ингеренции.

ЦИВИЛ во 2019 г. ќе објави и „Истражување: Загадениот воздух заглупува“ на Универзитетот на Пенсилванија и Колорадо Боулдер и (САД) за влијанието на високото ниво на јаглероден диоксид во атмосферата врз намалувањето на интелектуалните способности на луѓето.

Покрај тоа што зголемените нивоа на јаглерод влијаат погубно на природата, што се гледа, на пример во промените во климата, научниците дошле до сознанија дека тоа лошо влијае и на учењето кај децата.

И предходно се знаеше дека непроветрена просторија им попречува на умствените способности, како и на концентрацијата. Но, доточаш не беше проучено влијанието на „свежиот“ воздух однадвор, што веќе е, исто така, прилично загаден.

При испитувањата, се дефинирани две тези. При пооптимистичкото сценарио, умствените способности на учениците ќе се намалат за 25 отсто до 2100 година, но во случај ако отсега се намалат издувните гасови. Доколку нивото на штетни честички во воздухот остане на сегашното ниво, луѓето до крајот на векот ќе бидат, во просек, за 50 отсто помалку интелигентни.

Драган Мишев

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ