• Latest
Трамп го пречека Мерц во Белата куќа (AMC News скриншот)

Мерц–Трамп: Средба што може да го промени текот на трансатлантската политика

June 6, 2025
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ АКЦЕНТ

Мерц–Трамп: Средба што може да го промени текот на трансатлантската политика

June 6, 2025 09:12
in АКЦЕНТ, ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5
Трамп го пречека Мерц во Белата куќа (AMC News скриншот)

Трамп го пречека Мерц во Белата куќа (AMC News скриншот)

Share on FacebookShare on Twitter

Прочитајте тука и за:

  • Неочекуваниот подарок на Мерц за Трамп – што се крие зад гестот?
  • Дали Мерц успеа да го убеди Трамп за поддршка на Украина?
  • Што не беше кажано во официјалните соопштенија?

Инаугуративната посета на германскиот канцелар Фридрих Мерц на САД на 5 јуни 2025 година означи значаен момент во трансатлантските односи, објави Ројтерс. На средбата со претседателот Доналд Трамп во Белата куќа, двајцата лидери разговараа за низа горливи прашања, како што се руската војна против Украина, трошоците за одбрана на НАТО и ескалацијата на трговските тензии меѓу САД и Европската Унија.

„Ние го сакаме германскиот народ“

„Ние го сакаме германскиот народ“, му одговори Трамп на новинарот на католичката ТВ мрежа EWTN. На тоа се надоврза Мерц со зборовите „И јас го сакам народот на Америка“.

Дивергентни перспективи: Поддршка за Украина

За време на разговорите, Канцеларот Мерц ја нагласи посветеноста на Германија во поддршката на Украина за одбрана од руската агресија. Тој го повика претседателот Трамп да го зголеми притисокот врз Русија, истакнувајќи ја важноста на вклучувањето на САД во постигнувањето мирно решение. Мерц, исто така, ја истакна заложбата за зголемување на трошоците за одбрана на НАТО, усогласувајќи се со повиците на Трамп до земјите-членки на Алијансата да дадат позначаен придонес кон буџетите на одбраната.

За време на средбата во која американскиот претседател се посрамоти неколку пати со своето непознавање и отсуство на манири, меѓу другото, рече дека можеби е подобро да се остават Украина и Русија „да се тепаат некое време“ пред да се интервенира. Тој ја спореди војната со деца кои се тепаат во парк, велејќи: „Понекогаш е подобро да ги оставите да се тепаат некое време, а потоа да ги разделите“, објави лондонски Гардијан.

Трговијата и тарифите во фокусот

Една од темите на средбата Мерц-Трамп беше и претстојната закана од зголемени американски царини за ЕУ. Мерц изрази загриженост за потенцијалното економско влијание на ваквите мерки, особено врз германските производители на автомобили што работат во САД. Тој нагласи дека германските компании имаат значајни инвестиции во американската економија и повика на колаборативни решенија за да се избегне ескалација на тензиите во трговијата или – трговската војна што ја започна Трамп – според оценките на поголем дел од светот.

Симболичен гест: Германски извод од матичната книга на родените на дедото на Трамп

Во симболичен гест, канцеларот Мерц му подари на претседателот Трамп врамена копија од германскиот извод од матичната книга на родените на неговиот дедо, Фридрих Трамп. Со Трамп никогаш не се знае, но гестот на Мерц веројатно придонесе кон срдечна атмосфера за време на средбата.

Одбранбените буџети во НАТО во нагорна линија

Нодминлива тема на средбата беа инвестициите во одбраната на земјите-членки на НАТО. Канцеларот Мерц ја нагласи посветеноста на Германија за зголемување на придонесот кон НАТО, во согласност со повиците, меѓу другите и од претседателот Трамп, за зголемување на одбранбените буџети. Владата на Мерц вети дека ќе ги зајакне воените капацитети на Германија, што ќе води кон најсилната конвенционална армија во Европа.

Денот Д – „не голем ден“!?

Трамп го збуни германскиот канцелар откако го опиша Денот Д, со кој Европа беше ослободена од нацистите, како „не голем ден“, се вели во насловот во онлајн изданието на магазинот Пипл. Средбата меѓу двајцата лидери се совпаѓа со 81-годишнината од Денот Д.

Кога претседателот Трамп го нарече настанот „не голем ден“. Канцеларот Мерц го поправи, нагласувајќи го неговото значење во ослободувањето на Германија од нацистичката власт.

Малку медиуми посветија внимание на овој скандалозен став, особено не оние што се добредојдени во Овалната соба со новите практики на администрацијата на Трамп кон медиумите. Но затоа политичкиот коментатор на МСНБЦ, Лоренс О’Донел, имаше што да каже за тоа – го нарече „глобално посрамотување“. Воедно, О’Донел опширно го коментира и жестокиот судир меѓу Трамп и неговиот до скоро омилен милијардер и спонзор, Илон Маск.

Посетата на канцеларот Мерц имаше цел да ја потврди посветеноста на Германија на трансатлантската соработка, а воедно директно да се разговара за спорните прашања. Во овој момент, изгледа дека оваа средба има потенцијал да влијае, па и да го промени текот на трансатлантската политика.

Џ. Дерала

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ