Лидерот на Христијанско-демократската унија, Фридрих Мерц, се огласи по протестите што го одбележаа собирот на новиот младински огранок на AfD во Гисен. Тој ги осуди насилните инциденти и употребата на водени топови и пепер спреј, нагласувајќи дека решението за политичките разлики мора да се бара преку мирен и демократски дијалог, објави Die Zeit.
Мерц предупреди дека екстремистичките иницијативи, без разлика дали се од десната или левата страна, ја загрозуваат кохезијата на општеството и демократските процеси. Според него, граѓаните мора да останат активни, но насилството не смее да стане алатка за изразување на ставови.
„Нашата цел како општество е да ги штитиме основните вредности и да ги охрабриме младите да учествуваат во политиката, но тоа мора да се прави во рамки на демократските норми“, порача Мерц.
Илјадници граѓани денес излегоа на улиците во германскиот град Гисен, протестирајќи против формирањето на нова младинска организација на десничарската партија AfD. Демонстрациите започнаа во раните утрински часови, со блокади на 16 локации околу градот организирани од граѓанската платформа „Resist“.
Масовни демонстрации во Германија против новиот младински огранок на AfD












