Дуња Мијатовиќ (Босна и Херцеговина) е избранa за комесарка за човекови права на Советот на Европа од Парламентарното собрание на Организацијата (ПАЦЕ) на пленарната седница во Стразбур.
Мијатовиќ е избрана за мандат од шест години почнувајќи од 1 април 2018 година.
Таа доби 107 гласови во вториот круг, релативно мнозинство. Пјер-Ив Ле Борн “(Франција) доби 103 гласа, а Горан Клеменчиќ (Словенија) доби 19 гласови.
Од 2010 до 2017 година, Дуња Мијатовиќ беше претставничка на ОБСЕ за слобода на медиумите. Претходно, работелa како директорка за радиодифузија во Регулаторната агенција за комуникации на Босна и Херцеговина. Таа исто така беше претседавачка на Европската платформа на медиумските регулаторни тела (ЕПРА) и претседаваше со Групата специјалисти на Советот на Европа за слободата на изразување и информации во време на криза.
Добила неколку награди за нејзината работа во областа на човековите права.
Комесарот за човекови права е независна и непристрасна вонсудска институција формирана во 1999 година од страна на Советот на Европа за промовирање на свеста и почитување на човековите права во 47 земји-членки на Советот на Европа. Целите на оваа институција е да ги идентификува можните недостатоци во законот и практиката во врска со човековите права и да ги олесни активностите на националните институции на народниот правобранител и другите структури за човекови права.
Комесарот прави редовни посети на земјите-членки и ги поттикнува на вклучување во дијалогот со владите и граѓанското општество и да подготвување извештаи за прашања што спаѓаат во неговиот или нејзиниот мандат.