• Latest

Миграција во(н) контекст – мојата приказна

March 15, 2018

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Миграција во(н) контекст – мојата приказна

March 15, 2018 13:02
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Се викам Ибрахим Мардини. Имам 25 години, по потекло од Сирија. Откако дипломирав на Правен факултет во Алепо, Сирија, работев како продавач во бутик пред да почне војната и како волонтер во хуманитарна организација во текот на војната.

Додека бев во Сирија, живеев со моите родители. Мајка ми и татко ми беа едноставни луѓе и пријателски настроени кон сите.

Ми недостигаат многу работи од мојот регион, особено храната што баба ми ја подготвуваше за време на празниците. Ми недостасува многу семејството, ми недостасува и превкусната храна на мајка ми и нејзината љубезност. Ми недостига и лутината на татко ми, тој беше смешен кога беше лут; наместо да станам нервозен, кога тој се разлутуваше, јас само се смеев. Ми недостигаат шегите на брат ми, дури и оние кои не беа смешни. Ми недостига смешната опсесија на сестра ми со мода и со светот на убавината. Ми недостигаат и разговорите со мојот најдобар пријател, ми беше како брат. Одевме во парк, каде често пеевме заедно. Тој сакаше да стане пејач и да аплицира на Академијата на Ѕвезди во Либан, но за жал не можеше да оди таму поради војната во Сирија. Иако искрено, пееше ужасно, јас го поддржував, бидејќи не сакав да му ги уништам соништата.

Ја напуштив својата земја затоа што бев принуден да го направам тоа. Војната ме натера да ги напуштам моето прекрасно семејство и пријатели. Многу пати малку фалеше да ме притворат поради политички активности, поради тоа што бев против државниот и религискиот режим. Мечтаев за слободен и демократски систем во мојата земја, па мајка ми ме молеше да си заминам и токму тоа и го направив.

Ибрахим Мардини

Така започна патувањето кое не беше едноставно. Во Турција беше многу тешко да се живее ако си Сириец. Немаше работа освен ако не си богат. Контрадикторно, нели? Аплицирав да бидам документиран, но не ми дадоа бегалски статус со кој ќе бидам признаен како бегалец таму, иако доаѓам од воено подрачје. Без бегалски статус не смеев ни да работам, затоа работев нелегално во многу лоши услови. Работев во фабрика за правење гел за коса, работев прекувремено секој ден, а заработував многу малку.
Сепак, го обожавав Истанбул и мешавината на источна и западна цивилизација.
Подоцна, кога останавме заглавени на српската граница во 2016, условите беа навистина ужасни, беше ладно, врнежливо, калливо… Ниту една земја не сакаше да нѐ прими. Немаше ни напред, ни назад. Имаше една постара жена со нас, 62-годишна бегалка што ми беше роднина. Таа беше премрзната. Викнавме лекар за неа, но лекарот нѐ исмејуваше и рече: ,,И онака има 62 години, и да умре, стара е, не е страшно.” Потоа нѐ вратија во Македонија.

Не можев да останам во Македонија поради тоа што има ограничени можности, односно ако 40% од Македонците се невработени, тешко дека бегалец којшто не го ни зборува јазикот би нашол работа во такви тешки услови и за самите Македонци.
Но, ми се допаѓаше и Македонија, ми се допаѓаа луѓето во Македонија, се спријателивме и многу ми помогнаа. Кога пристигнав во Гевгелија, Македонците се плашеа од нас и не сакаа да бидеме пријатели. Но, подоцна, кога се запознавме подобро, сфатија дека не сме терористи како што нѐ претставуваат медиумите и дека сме обични луѓе.  Така, не засакаа и дури и некои од нив се расплакаа кога си одевме од Македонија.

Не можејќи да продолжам кон север, пак се вратив во Грција, земјата за којашто читав уште како дете. Ми се допаѓаше грчката филозофија и цивилизација. Се сеќавам, кога имав 11 години, купив книга за да учам грчки. Мајка ми беше шокирана и упорно ми велеше дека ако учам англиски или француски ќе биде покорисно, но јас продолжив да го изучувам грчкиот јазик, сѐ дури не бев способен да читам грчки. Грција е исто така прекрасна земја, но поради економската криза во Грција, решив да не останам таму и да аплицирам за виза во друга европска земја.

Сега живеам во Франција, учам француски на еден од универзитетите овде, со надеж дека ќе продолжам со студии за човекови права или меѓународни односи. Франција е многу убава земја, каде човековите права се почитуваат. Сепак, сѐ уште ми недостигаат Македонија и Грција, и покрај тоа што страдав многу додека престојував таму, луѓето кои беа со мене во овие две земји ми станаа како семејство и поминавме многу незаборавни моменти со нив, како и со Македонците и Грците, и мислам дека нема да запознаам такви луѓе пак во животот.

Доколку престане војната во Сирија, сепак, би сакал да се вратам дома и да ѝ помогнам на мојата земја. Бидејќи, кога ја губиме нашата земја, стануваме бездомни, па дури и да живееме во „рајски земји“, бездомни сме.

 


Приказните се собирани од Сабит Амит, активист од организација Легис.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: бегалцивојнаГрцијаМакедонијаСиријаСрбијаФранција
Share65Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ