По денешната прес-конференција на СДСМ, како реакција со свое соопштение излезе и ВМРО-ДПМНЕ. На партиската прес конференција, Антонио Милошоски изјави дека Заев читал партиски памфлет, а не програма на владата.
„Господинот Заев, денеска уште еднаш покажа дека не го почитува мислењето на граѓаните. Тој денеска уште еднаш потврди дека е уценет и дека со измама, на штета на државните и национални интереси, сака да се дограби до власт. Изборна измама, значи. кога на изборите ќе победите со една програма, а по изборите ќе прифатите уцена и за да дојдете на власт ќе спроведувате друга програма, од која што не сакате да се откажете“, рече Милошоски, иако Заев во своето обраќање ги отфрли токму ваквите тези.
Милошоски го обвини Заев дека не ја отфрлил „Платформата од Тирана“ и дека не собрал храброст да ги осуди изјавите на Зијадин Села. Тој исто така му понуди на Заев да прифати една од двете опции кои ги „нуди“ ВМРО ДПМНЕ: малцинска влада или нови парламентарни избори.