• Latest

Минимална плата од 500 евра – само пуста желба или реалност?

April 12, 2025

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Минимална плата од 500 евра – само пуста желба или реалност?

Синдикатот „војува“ на неколку фронтови. Крајната цел е поголема плата за работниците коишто едвај врзуваат крај со крај, поради енормниот пораст на цените на храната.

April 12, 2025 21:41
in ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Додека минималецот во Европа во некои земји рипна и над 2.000 евра, за македонските работници минимална плата од 500 евра сè уште е само пуста желба. И покрај упорните барања на Сојузот на синдикатите (ССМ) за пораст на минималната плата, како и за раст на сите плати за 6.000 денари, тешко оди битката за повисок стандард на најниско платените работници. Синдикатот „војува“ на неколку фронтови. Крајната цел е поголема плата за работниците коишто едвај врзуваат крај со крај, поради енормниот пораст на цените на храната.

Волја има – ќе има ли напредок во преговорите?

Како што пишува ДојчеВеле, првиот синдикалец Слободан Трендафилов деновиве седна на разговори со владини претставници и ги повтори барањата за зголемување на минималната плата на 500 евра, откако претходно Владата сама донесе одлука со која минималецот се зголеми за 1. 800 денари.

Од Владата порачаа дека ќе го прифатат секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите што ќе биде постигнат во рамки на економско-социјалниот дијалог. Најавите се дека во наредните денови треба да се утврди репрезентативноста на синдикатот и ќе почне со работа Економско-социјалниот совет.

Зошто минималната плата треба да расте

Според Марјан Петрески од Фајнанс тинк, минималната плата треба да расте, бидејќи нејзината примарна функција е да го зачува животниот стандард на најниските приматели на плата. „Како процент од просечната плата веќе се доближува до 60 проценти и мислам дека е соодветна“, оцени деновиве Петрески.

„Кога зборуваме за минималната плата треба да внимаваме на два аспекта – што дополнителниот товар ќе значи за економијата и за оние што треба тие плати да ги исплаќаат или што ќе значи за буџетот ако тој товар се префрла таму. Вториот аспект е што поголемата маса на средства во економијата може да предизвика за цените, односно за инфлацијата. Во моментов движењата се поволни, во последниот месец имаме подобрување во смисла на намалување на цените и вкупно и особено кај храната и мислам дека политиките треба да бидат особено внимателни за таквиот тренд да не се наруши“, вели Петрески.

Каде има најмала, а каде најголема минимална плата?

Најновите податоци на Евростат покажуваат дека најниска минимална бруто плата  во ЕУ  во јануари била исплатена во Бугарија – 551 евро, додека највисока во Луксембург – 2.638 евра. Минималната плата е законски утврдена во 22 од 27 земји-членки на ЕУ, а исклучок се само Данска, Италија, Австрија, Финска и Шведска.

Во десет земји минималната бруто плата е пониска од 1.000 евра. Освен Бугарија, најдолу на листата се и Унгарија (707 €), Латвија (740 €), Романија (814 €), Словачка (816 €),  Грција (968 €) и Хрватска (970 €). Над 1.500 евра минимална плата исплаќаат Франција (1.802 €), Белгија (2.070 €), Германија (2.161 € бруто плата), Холандија (2.193 €), Ирска (2.282 €) и Луксембург (2.638 €).

Согласно законското усогласување, минималната нето плата во  Северна Македонија  изнесува 24.379 денари, односно 36.037 денари бруто плата.

Битка на неколку фронтови

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), минатиот месец на маса стави предлог заутврдување на минималната плата согласно законот, но и донесување на одлука со која минималната плата ќе се зголеми за дополнителни 6.000 денари. ССМ предложи работодавачите да бидат помогнати или субвенционирани за плаќање на придонесите за овие 6.000 денари во период до 12 месеци.

Работодавачите, пак, излегоа со свои аргументи зошто ваквиот предлог не е прифатлив. „Нашиот став е – ништо повеќе од законското усогласување на минималната плата, затоа што и на тој начин ќе бидеме со највисок однос на минималната во однос на просечната плата во ЕУ, кој е некаде околу 59 проценти. Европската директива им препорачува на земјите-членки тој однос да се движи околу 50 проценти, а ние дури во законот имаме уште една одредба, по инсистирање на синдикатот, дека не може да биде понизок од 57%. Сега сме над таа граница“, изјави неодамна за ДВ, Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи.

Во меѓувреме, покрај отпорот на работодавачите, ССМ се соочи и со синдикални поделби. Два од синдикатите се спротивставија на овие барања. „Работниците во Македонија немаат толку голем проблем со Владата, колку што имаат со останатите синдикати. Единствено ССМ ги истакна барањата на работниците, вклучително растот на минималната плата, растот на сите останати плати, како и почитувањето на општиот колективен договор за јавниот сектор и потребата од зголемување на платите во јавниот сектор за 12,6 проценти. Владата во овој момент не е против зголемувањето на минималната плата“, изјави деновиве првиот човек на ССМ, Слободан Трендафилов.

Пресметките на ССМ покажуваат дека минималната синдикална кошница рипна до 63.000 денари, со што граѓаните ниту со две и пол минимални плати не можат да ги покријат основните трошоци за живот. Владата, пак, скрои нова потрошувачка кошница во која нема да влезат трошоците за алкохол, цигари и летување во странство.

„Тоа го сметаме за луксуз. Исто така нема да има овошје кое не е карактеристично за одредена сезона во годината. Сето ќе биде врз база на релевантни податоци и релевантни цени на производи и податоци од повеќе маркети. Никој не го скратува правото на одмор, но, сепак одењето на одмор во странство не може да си го обезбеди секој граѓанин во земјава. Сметаме дека не е еден од податоците кој треба да влезат во пресметката на просечната потрошувачка кошничка“, изјави во петокот (11.04) заменик-министерот за економија, Марјан Ристески.

По протестот на 2 април, синдикатите на 1 Мај повторно ќе излезат на улица и на Меѓународниот ден на трудот ќе ги повторат своите барања за пораст на минимална плата, како и за раст на сите плати во земјата.

Преземено од ДојчеВеле

Tags: владаминимална платаработодавачисиндикати
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ