• Latest
Фотомонтажа: слики од Фб и Инстаграм

Министри и министерки изгубени во маглата на неисполнети ветувања

January 2, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Министри и министерки изгубени во маглата на неисполнети ветувања

January 2, 2026 14:16
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фотомонтажа: слики од Фб и Инстаграм

Фотомонтажа: слики од Фб и Инстаграм

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Магла насекаде, магла околу нас,  Од далечина, едвај чујно, допира твојот глас

Магла насекаде, магла околу нас, Предоцна е, залудно e, сè подлабок е јазот

Текстот на песнава отпеана од легендарната хрватска пејачка Јосипа Лисац далечната 1980 година, како да е пишувани за случувањата кои ќе следат 45 години подоцна на овие простори, додека високите владини претставници, во обид да посејат магла меѓу граѓаните за да ги покријат сопствените неуспеси, лажните неисполнети ветувања и епската неспособност, и самите се изгубија во неа.

Со вклучувањето во ЕУ зоната, граѓаните на Украина и Молдавија од 1 јaнуари 2026 можат да се јавуваат, да испраќаат СМС-пораки и да ги користат своите мобилни апликации од нивните локални телефонски броеви за комуникација со 27-те земји од ЕУ без дополнителни трошоци., за што добредојде им посака европската комесарка за проширување, „Марта Кос.

„Добредојдовте Молдавија и Украина во роаминг зоната на ЕУ без дополнителни трошоци! Од денес можете да „разговарате како дома“, бидејќи ние ви подготвуваме дом во Европската Унија. Предностите на нашата Унија ги зближуваат Европејците низ целиот континент – дури и пред самото пристапување во ЕУ“, напиша Кос на социјалната мрежа „X“.

Изостана (најавуваното) добредојде за Северна Македонија која (повторно) не ги исполнува неопходните реформите кои ќе им овозможеа на нејзините граѓани, од почетокот на новата година да биде во групата земји со бесплатен роаминг со Европската Унија, иако министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски( во едно од многуте негови јалови факултативни прошетки во странство) најави таква мерка за почетокот на 2026 година, за време на состанокот со европската комесарка за проширување Марта Кос, уште во август оваа година.

Лажната надеж за македонските граѓани ја подгреа и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, кој во септември самоуверено изјави:

Ние нашите обврски ќе ги завршиме до декември 2025-та и очекувам наредната година први да го потпишеме договорот за роаминг со нула трошоци за македонските граѓани.

И уште додаде дека, според него, Македонија е многу напред во однос на исполнувањето на условите.

Преоптимистички најави на дотичните министри како меур од сапуница ги распрсна претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која за време на октомвриската  турнеја низ земјите од Западен Балкан изјави дека сите такси за роаминг меѓу Албанија и ЕУ ќе бидат укинати почнувајќи од следната година, како дел од планот за унапредување на дигиталната интеграција на Западен Балкан, но не ја спомена Северна Македонија како дел од овој пакет, туку тоа го најави само за Албанија и Црна Гора.

Во однос на нашата земја, фон дер Лајен по средбите што ги имаше во Скопје на социјалните мрежи напиша дека земјава од ЕУ добила 16 милиони евра за направените реформи, ја спомена и СЕПА – Единствената платежна зона на Европа, но, укинувањето на роамингот не беше споменато.

Какафонијата помеѓу министерствата и владата, која секојдневно излегува на површина во обидот да се прикрие неспособноста за справување со клучни сегменти од управувањето со државата ја изнесе на виделина и министерката за енергетика Сања Божиновска ( која најверојатно се уште чека од нејзиниот адвокатски тим да и каже дали се пишала како Бугарка при поднесување на барањето за бугарски пасош) која на 22 декември информираше дека нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут.

 Нема да има никаква криза, за граѓаните тоа нема да значи ништо бидејќи државата има резерви на мазут. Тоа значи ако знаете дека има протести со Грците и повеќе 30 дена има неможност да се набави мазут, тоа значи дека државните резерви ќе го снабдат ЕСМ со мазут. Нема да има никакво влијание на снабдувањето. Постои мазут во државата, ако не го земат од Грција, ќе го земат од резервите, истакна Божиновска, одговорајќи на новинарско прашање дали има проблем со набавка на мазут и дали ќе биде прогласена кризна состојба.

Но, само еден ден подоцна, Владата на седницата на 23 декември донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата во рок од 7 дена. Како што велат од Владата, оваа одлука се носи поради неможноста за набавка на мазут кој е неопходен во делот на производството.

И за крај на годината, помпезно најавуваниот „бум“ во (до)изградбата’ на патната инфраструктура во државава (за што министерот Николовски поместуваше цели планини)  се претвори во обична петарда, откако прво, на 29 декември, се појави вест дека, иако беше најавено дека работите на автопатот Скопјe-Блаце ќе започнат кон крајот на декември, тоа нема да се случи, поради тоа што дефинитивен избор на изведувач уште нема.

Денес е 29 декември, работите не се започнати, не поради климатските услови, туку како што објасни кабинетот на заменик-министерката за транспорт, Калтрина Зеколи, причините за доцнењето се бирократските процедури на финансиската институција и периодот на празниците на крајот од годината.

Инаку, само првите 2 километри од овој автопат се завршени, но дури ни тие не можат да се стават во употреба додека не се изградат преостанатите 10 километри. За изградба на автопатот се предвидени околу 240 милиони евра, или приближно 24 милиони евра за секој километар.

И како јаготка на шлагот на (скиснатата) торта, на 31 декември дојде веста дека за доизградба на автопатот Охрид – Кичево, која што во меѓувреме е продолжена до крајот на 2026, сме се задолжиле уште 40 милиони долари, пари за кои никој немаше да знае ако изминатите денови не беа објавени во извештајот на независниот ревизор за работењето на јавното претпријатија „Државни патишта“ за минатата година. За него, во октомври. Министерот Николовски најави дека делот на автопатот Кичево-Охрид, кај Требеништа, ќе биде пуштен во употреба до Нова година.

Делот на автопатот Кичево-Охрид кај селото Требеништа, кој не беше дел од потегот што веќе го пуштивме, ќе биде пуштен во употреба до Нова година, истакна вечерва за емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија министерот за транспорт и врски во Владата на Република Северна Македонија Александар Николоски.

Новата година дојде, патот се уште го немаТ пуштено. Исто како што во последно време го имаТ снемано и министерот Николовски.


ЦИВИЛ МЕДИА | Ставовите и наодите во овој текст се целосна одговорност на авторите и не нужно ги претставуваат ставовите на донаторите или на другите партнери и соработници на организацијата.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ