Образованието игра важна улога за промовирање на мултикултурализмот и почитување на различностите, меѓутоа, домашното воспитување е најважно, вели Драган Мишев од ЦИВИЛ на конференцијата „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“, која се одржа на 16 мај 2023 година.
„Како што моите родители ме учеа мене, така јас ги учам моите деца да ги почитуваат сите без разлика кои се, што се, од која религија, вера или раса… Во една прилика една од ќерките вели „ние сме супер семејство, но ќе беше уште подобро и поинтересно ако бевеме мешано семејство, ако бев дете од мешан брак од различни националности“, вели Мишев.
Д. Муратов
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети
фото: Биљана Јордановска